Струмица
До крајот на летото се очекува да започне со работа новото крило на ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица
Објавено на
Од
Media Press
Техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, вчера заедно со директорот на Јавната здравствена установа (ЈЗУ) „Општа болница“- Струмица, Наќе Гогов при посетата на болницата, извршија увид и обиколка на новото крило со вкупна површина од 6.000 м2, каде се сместени повеќе специјалистички амбуланти.
Премиерот Спасовски,
истакнувајќи дека со доаѓањето на оваа Влада и Министерството за
здравство е финализирана изградбата и опремувањето на Општата болница во
Струмица, чија градба е започната уште пред 33 години, подвлече дека многу
скоро над 200.000 жители од Струмица и околните општини, Василево, Босилево,
Ново Село ќе добиваат поквалитетни здравствени услуги.
Спасовски подвлече дека во новиот крак на болницата, опремен со модерна
медицинска опрема, ќе започне работата на Ургентен центар за тријажа на болни,
на специјалистичките амбуланти по општа хирургија, пластична и реконструктивна
хирургија, ортопедија и урологија и во завршна фаза е довршувањето на одделите
по општа хирургија, гинекологија и акушерство офталмологија,
оториноларингологија, неонатологија, ортопедија, како и работата на 8 –те
оперативни сали со неопходната опрема за анестезиологија, реанимација и
интензивно лекување.

И министерот за здравство Филипчево своето обраќање истакна дека по три години
интензивна работа, Струмица добива нов болнички објект и дека тоа го
заслужуваат сите, здравствените работници, пациентите и граѓаните, не само на
Струмица, туку и на целиот тој регион.
„Во оваа модерна болница, изградена со најмодерни материјали, со распоред
според најразвиените светски болници, пријатно ќе се чувствуваат и ќе може
квалитетна здравствена услуга да даваат здравствените работници, но и врвна
медицинска услуга пациентите на коишто им е тоа потребно за многу кратко време
и се на едно место. Оваа здравствена криза со која сега во овој момент се
соочуваме, а тоа е коронавирусот покажа дека е исклучително важно да имаме
модерни болници во којшто може за кратко време пациентите без многу лутање и на
едно место да добијат здравствена услуга, а не да се препраќаат во околните
болници во другите градови“, потенцираше министерот Филипче.
Тој рече дека Владата интензивно инвестираше во здравствениот систем, пред сѐ
во луѓето, во платите, во приемот на нови лекари и медицински сестри, како и во
младите лекари.
Директорот на Општата болница во Струмица, Гогов, на владините претставници им
ја покажа новата градба, новиот проширен дел, давајќи детали за
капацитетот на медицинските и дијагностички услуги, кои тука, на едно место ќе
бидат овозможени за граѓаните.

Директорот Гогов информираше детално за капацитетот од 85 кревети, од кои
најголем дел електрични опремени со централен довод на медицински гасови,
секоја соба климатизирана и со туш кабини.
Поврзани содржини

Општина Струмица објави Јавен повик до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата „Општинско – корисна работа“

Серафимовски: Постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за откупната цена на ајварската пиперка

Јанков: Во време кога светот се движи пребрзо, книгата останува нашето најсигурно засолниште на мудроста, знаењето и човечноста

Општина Струмица нуди бесплатен приклучок и субвенции за секој кубик гас

Пријава за кражба во Струмица, две лица му упатиле закани со остар предмет и му одзеле пари

МВР: Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“
Струмица
Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА
Општина Струмица ги потсетува граѓаните, архитектите и сите заинтересирани учесници дека рокот за доставување идејни архитектонски решенија за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ е продолжен.
Предлозите можат да се достават најдоцна до 15 декември 2026 година, до 12 часот, по пошта или лично во архивата на Општината, канцеларија бр. 20. Конкурсот е јавно достапен на Електронскиот систем за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk), каде заинтересираните можат да ја најдат целокупната документација.
Најдобрите идејни решенија ќе ги избира стручна жири-комисија.
Општина Струмица обезбеди парични награди во износ од 130.000 денари за првата, 60.000 денари за втората и 40.000 денари за третата награда.
Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ последен пат беше целосно реконструиран во 2010 година. По повеќе од 15 години, Општината отвора нова можност за осмислување на неговиот изглед и содржина, со визија за поубав, пофункционален и попривлечен централен простор, место кое ќе одговори на потребите на граѓаните, ќе поттикнува дружење и ќе продолжи да биде срцето на јавниот и културниот живот во Струмица.
Со овој конкурс, Општина Струмица прави чекор кон ново урбано лице на градот, создадено со современи архитектонски идеи и визија за иднината.
Ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат и да го дадат својот придонес во обликувањето на новото лице на центарот на Струмица.
Струмица
Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година!
На денешната 18-та седница на Советот на Општина Струмица е усвоен Планот на програмите за развој за 2027 година, со кој се поставува основата за реализација на капиталните инвестиции во наредната година.
Усвоени беа и ребалансот на буџетот за 2026 година, извештајот за неговото извршување за третиот квартал, како и измените и дополнувањата на општинските програми.
Одговарајќи на советничките прашања, градоначалникот Петар Јанков ги образложи тековните и планираните проекти, финансиското работење и предизвиците со кои се соочува општината.

Општината постепено ја стабилизира финансиската состојба и создава услови за поинтензивна реализација на планираните активности.
На седницата се донесе и одлуки за унапредување на комуналните услуги, работењето на јавните претпријатија, урбанистичкото планирање и поддршка на граѓани на кои им е потребна парична помош.

,,Продолжуваме со одговорно управување, реално планирање и конкретни чекори за развој на Струмица“ – истакна градоначалникот Петар Јанков.
Струмица
Ново мултифункционално игралиште во Куклиш
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
НОВО ИГРАЛИШТЕ ЗА СПОРТОТ ВО КУКЛИШ: Завршена подлогата и поставени кошевите на новото мултифункционално игралиште
Љубителите на спортот и рекреацијата од населеното место Куклиш добиваат современо уреден спортски простор. Активностите за целосно уредување и модернизација на мултифункционалното спортско игралиште во ова населено место се во забрзана реализација, соопштија од Општина Струмица.

Според досегашните изведувачки работи, подлогата на игралиштето е успешно завршена, а веќе се монтирани и кошевите, со што проектот добива видлива завршна форма.

Проектот е замислен како мултифункционален спортски терен кој ќе овозможи практикување на повеќе спортови, со што ќе се создадат оптимални услови за спортски активности на младите, децата и сите рекреативци од Куклиш.
Оваа значајна инвестиција се реализира преку меѓусебна соработка и партнерство меѓу Општина Струмица и „Видеолотарија Касинос Австрија“. Овој заеднички потфат е дел од пошироката стратегија за унапредување на спортската инфраструктура и рамномерен развој на условите за спорт и рекреација во сите населени места низ општината.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!






