Connect with us

Македонија

Пендаровски е подготвен да донесе нова одлука за прогласување на вонредна состојба, доколку политичарите постигнат консензус

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот на државата Стево Пендаровски е подготвен да донесе нова одлука за прогласување на вонредна состојба на територијата на цела држава, доколу за тоа има консензус од сите политички субјекти, информираат од неговиот Кабинет.

„Ова ќе се случи само доколку претходно биде постигнат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените парламентарни избори, заради создавање на правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување“, се наведува во соопштението.

На покана на претседателот Стево Пендаровски, завчера во „Вила Водно“ се одржа средба со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На средбата се разговараше за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудија аргументи во прилог на нивните позиции.

На истата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори.

 Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.

Македонија

Од утре започнува новата учебна година

Виолета | Media Press

Published

on

Од утре официјално стартува новата учебна година 2020/21, 600 училишта ќе одржуваат настава со физичко присуство, за останатите достапно учење на далечина, истакна на прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска.

Таа потенцираше дека оваа година ќе биде многу поразлична поради пандемијата со корона вирусот и изрази благодарност до сите што помогнаа во организацијата за успешен старт на учебната година и очекува соработката да продолжи и во периодот што следи.

Осврнувајќи се на Националната платформа, министерката рече дека часовите ќе се одвиваат онлајн онака како што е планирано.

„Со задоволство можам да кажам дека ја завршивме успешно обуката на наставниците за користење на платформата. 1.600 наставници ги поминаа обуките од мастер тренерите и станаа училишни обучувачи. Тие понатаму ги обучуваа наставниците во сите училишта во државата. Најважно е што во секое училиште имаме училишни обучувачи кои вештините за работење на платформата ги пренесуваат на нивните колеги и ќе бидат нивна поддршка“, нагласи Царовска.

Таа додаде дека колегите од ФИНКИ ќе бидат на располагање за наставниците, родителите и учениците во текот на целата учебна година.

А денеска пак во Моноспитово родителите на учениците од ООУ Борис Трајковски протестираа за физичко присуство на настава.  Инаку учебната година која традиционално започнува на 01 септември годинава за прв пат, поради пандемијата со Ковид -19  која ја зафати и нашата држава, започнува на 1 октомври.

Continue Reading

Македонија

Претседателот Пендаровски го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, вчера во „Вила Водно“, го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните дипломирани студенти од областа на инженерските дисциплини во Македонија.

Инженерскиот прстен, чијашто цел е признание, но и афирмација на инженерските професии и поттик за формирање на квалитетен инженерски подмладок, го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на  државата. Годинава добитници на признанието се 8 дипломирани инженери од различни области.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на инженерството во креирањето на целокупната иднина на секое општество.

Според Претседателот, без разлика дали станува збор за архитекти, машинци, информатичари, технолози, електротехничари, градежни, земјоделски или шумарски инженери,  нивниот професионален предизвик е остварување на личен развој, но и прогрес за пошироката заедница во која живеат.

„Се надевам дека најголем дел од вас ќе продолжат да се надградуваат, да напредуваат и професионално да се остваруваат во својата татковина. За тоа да се случи мора да бидат создадени сите предуслови од релевантните субјекти: државните институции, системот на образованието, бизнис-заедницата, за вашата иднина и професионалниот развој да бидат врзани со матичната земја“, нагласи претседателот Пендаровски, посакувајќи им на младите инженери натамошен успех и да бидат движечка сила која ќе овозможи напредок и општество на благосостојба.

Признанието „Инженерски прстен“ се доделува по 17-ти пат, а досега го добиле 178 дипломирани инженери.

Continue Reading

Македонија

Расте бројот на нови слуачи на ковид -19 во Југоистокот, 3 нови случаи во Радовиш, 11 во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

112 нови случаи на Ковид -19 а починале 8 пациенти, ова е билансот од денешниот извештај од Министерството за здравство.

-Во болнички услови се починати 8 пациенти од Тетово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г), соопшти денеска Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 46, Куманово 7, Штип 1, Прилеп 2, Тетово 1, Струга 6, Велес 4, Битола 7, Охрид 4, Гостивар 3, Струмица 11, Радовиш 3, Кочани 4, Пробиштип 1, Берово 1, Валандово 1, Виница 1, Делечево 1, Кратово 1, Свети Николе 4,, Кичево 2 и Ресен 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје 42, Куманово 8, Штип 3, Прилеп 8, Тетово 10, Струга 6, Велес 4, Битола 3, Охрид 10, Кавадарци 2, Гостивар 13, Гевгелија 11, Струмица 4, Крива Паланка 2, Радовиш 2, Крушево 2, Кочани 4, Пробиштип 1, Македонски Брод 2, Пехчево 1, Берово 3, Валандово 1, Виница 2, Делчево 8, Свети Николе 3, Кичево 3 и Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248.

Continue Reading