Македонија
Пендаровски: Нема потреба од нова вонредна состојба, без избори земјата ќе влезе во политичка криза
Објавено на
Од
Media PressПретседателто Стево Пендаровски во совоето обраќање на денешната прес конференција истакна дела нема потреба за нова вонредна состојба.
Тој објасни дека постои законска регулатива во случај да има потреба да се применуваат мерките како што се полициски час или воведување други превентивни мерки во врска со корона кризата и вториот бран.
-Нема потреба да прогласам нова вонредна состојба, има економски мерки донесени доволно за следниот период, но и Владата не поднесе ново барање за прогласување вонредна состојба. Споредбите кои се прават со бројот на заразени не држат, зашто вонредната состојба не беше воведена поради бројот на заразени од коронавирусот, потенцира тој.
Пендаровски воедно ги повика лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ уште денеска да седнат заедно и да разговараат за датумот за парламентарните избори. Во спротивно, како што кажа би можело Македонија да биде втурната во политичка криза.
Доколку не успееме да се договориме за исборите со опозицијата, тоа ќе биде влез во длабока политичка криза, која не исклуќено да премине во безбедносна. Знам дека најголемиот број наши граѓани не размислуваат за избори, меѓутоа избори во време на корона која нема наскоро да замине се потребни за избор на функционално Собрание, за регуларна а не техничка влада,“ истакна Пендаровски
Поврзани содржини

Во Дојран 72,7% излезеност до 18:30 часот, во Конче 70,9%, во Валандово 63%

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, и има најмногу советници во 59 општински совети и Советот на Град Скопје

Претседателот Филипче од Дојран: Ристо Џинев е гаранција за развој и нови проекти!

ВМРО ДПМНЕ на голем народен митинг во Скопје го промовира кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски

Миле Цеков: Движењето ЗНАМ за Наша Македонија е партија која ги заштитува нашите деца и нашите традиционални вредности

Мицкоски: Работата не е завршена. Победата е голема. Финалето следи на 8 мај

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

