Connect with us

Македонија

Во Охрид од семејна прослава со околу 200 присутни, досега се потврдени осум позитивни пациенти

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција истакна дека во однос на кластерите, активните случаи и заразени со КОВИД-19 во огромен процент, помеѓу 65 и 70 проценти се во рамките на познатите кластери, дека тој тренд во Скопје продолжува, односно вирусот се шири помеѓу повеќе кластери, но има и нови. Филипче подвлече дека појавата на нови случаи е секогаш поради истата причина, а тоа непочитувањето на мерките.


„Во Охрид од семејна прослава со околу 200 присутни, досега се потврдени осум позитивни пациенти, 40 контакти се во изолација. На семејна прослава – свадба во Скопје на којашто имало стотина присутни, потврдени се 14 досега позитивни на вирусот. Голем проблем на епидемиолозите и инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) им создава несоработката на присутните на таа прослава. И покрај забраната, луѓето прават масовни собири. Нешто што апсолутно нема логика. И го осудувам, го осудуваат сите здравствени работници. Тоа го дискутираме на утринските состаноци на Комисијата со заразни болести. Имаме пациенти, коишто доаѓаат заради тоа што не почитувале мерки. Јасни се мерките. Не може да се собираат, мора да носат маски. Не може да се прави свадба, кога е тоа забрането. Не може други собири од 200 луѓе да се прават во Охрид кога е тоа забрането. И згора на тоа, да не се соработува, да не се кажуваат точни информации. Има и нови кластери, но во рамки на градот Скопје сè уште станува збор за трето, четврто колено, од каде почна вториот бран“, потенцираше министерот Филипче.


Во штипските конфекции, од седум досега, кои беа идентификувани како ризични, земени се 778 бриса, од кои потврдени се 126 позитивни случаи и хоспитализирани во болницата се 24 лица. Сите останати се на домашно лекување или во самоизолација, во зависност од симптомите. Од решенијата вкупно издадени од ДСЗИ, 400 лица се контакти.


„Откако се направи овој пристап, тестирање, изолација на сите контакти, состојбата во Штип и во тетовско постепено се смирува, останува во Скопје, особено населбата Чаир, каде има најголем број потврдени случаи. За жал  сè  уште епидемиолозите се соочуваат со проблемот со обезбедување контакти и давање вистинити податоци. 

Сè уште се евидентираат и прекршувања и непочитување на мерката за самоизолација, но и на пропишаните мерки за групирање и за лична заштита. Владата веќе има донесено уредба со којашто се определува, за лице кое ќе го прекрши решението за самоизолација, или дава лажни податоци, во врска со лицата со кои било во контакт, да му се одреди мерката државен карантин во времетраење од 14 дена, за што МВР донесува решение, а трошоците за сместување во тие објекти се надоместуваат од лицето“, истакна министерот Филипче.


Тој потенцираше дека вториот бран  сè уште трае, иако две од четирите големи жаришта полека спласнуваат.

прикажи повеќе
Advertisement

Здравје

Бројот на нови случаи со Ковид -19 продолжува да расте

Виолета | Media Press

Published

on


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1470 естирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-83, Тетово-26 Куманово, Охрид и Гостивар по 8, Штип и Кичево по 6, Струга-5, Свети Николе-4, Прилеп-3, , Дебар, Пробиштип и Битола-2, Крива Паланка, Крушево, Кочани, Македонски Брод и Ресен по1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од: Скопје-48, Тетово-18, во Велес, Гостивар, Кочани иРесен по1.


Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586.

Направените 1470 теста а досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.


Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Continue Reading

Македонија

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Виолета | Media Press

Published

on

Владата донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на Република Северна Македонија, ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на државата и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.

Одлуката стапува на сила од денеска, 9 јули, стои во известувањето од Влада.

Continue Reading

Македонија

На работа се враќаат само родителите на деца до 10 години кои се ученици и вработените во институциите надлежни во изборниот процес

Виолета | Media Press

Published

on

Според одлуката на Владата, на работните места и во редовен работен процес се враќаат само родителите на деца вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата и вработените во институциите надлежни и со зголемен обем на работа за време на изборниот процес


На 74-тата седница одржана вчера, Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на КОВИД-19 со која го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој од категориите на лица кои се ослободени од работа и работни активности – родители на деца до 10 годишна возраст, во овој период да се вратат на работните места само родителите на децата кои се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата, имајќи предвид дека учебната 2019/2020 година е завршена.

Дополнително, со оваа одлука на своите работни места и во редовен работен процес се враќаат сите вработени во институциите кои за време на претстојните предвремени избори за пратеници во Собранието, имаат зголемен обем на работа во делокругот на нивната надлежност поврзана со изборниот процес (на пример: Државната изборна комисија, Основниот и Вишиот управен суд и други), и кои досега по различни основи беа опфатени и ослободени од работни активности со мерките и препораките на Владата.

Continue Reading
Advertisement