Македонија
Казни за околу 3000 граѓани за последните три дена, за не носење на заштитна маска на лица
Објавено на
Од
Media Press
Околу 3000 граѓани во државата, за последните три дена добиле казна од по 20 евра, за не почитување на мерката за носење на заштитна маска на лица
Вкупно 1.068 граѓани само во изминатово деноноќите направиле прекршок со неносење на заштитна маска соопшти денеска МВР. Казна за овој вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност за физички лица и 2000 евра за правни лица. И во изминативе денови бројот на казнети граѓани за оваа заштитна мерка изнесуваше околу илјада.
-На 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 лица потпишале изјави за самоизолација. Во информaцијата се наведува дека при контролите е утврдено дека едно лице на ја почитувало мерката за самоизолација.
Поврзани содржини

11 возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие – осум управувале без возачка дозвола, меѓу нив двајца од Радовиш

Општина Василево започна со креирање на Буџетот за 2027 година, преку средби со граѓани

Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети, во август одземени 18 електрични тротинети

Сузбиена голема криминална група, ПРОНЕВЕРИЛЕ НАД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА

Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција

МВР предупредува за лажни пораки за сообраќајни прекршоци!

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

