Connect with us

Македонија

ССНМ ја поздравува одлуката на Владата за помош за вработените во медиумите

Виолета | Media Press

Published

on

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја поздравува одлуката на Владата да го прифати барањето за субвенционирање на придонесите за социјално и пензиско осигурување за вработените во медиумите. Според уредбата усвоена на владината седница одржана на 10 јуни, вработените во медиумите ќе бидат ослободени од целосно плаќање на придонесите за јуни, јули и август. 
Оваа мерка важи за медиумите и медиумските куќи, телевизиите, радиодифузерите, печатените медиуми, како и електронските интернет портали кои меѓудругите ќе исполнат неколку основни услови: медиумите кои ги намалиле платите на вработените во кризата да ги вратат на ниво пред почетокот на вонредната состојба; да немаат отпуштено ниту еден вработен поради кризата; да имаат најмалку тројца вработени на неопределено време и да не отпуштаат за време на користење на помошта.

„ССНМ своето барање до Владата за оваа мерка го темелеше на три принципи – начелото дека само социјално и економски обезбедени медиумски работници може професионално да ја вршат својата задача – навремено, точно и објективно да ја информираат јавноста, како и фактот дека целта на секоја економска помош треба да бидат самите вработени, односно подобрување на нивната социјално-економска положба . Третиот принцип се однесува на фактот дека новинарите и медиумските работници од почетокот на кризата се на фронтот во борбата против вирусот .

Напоменуваме, дека идејата за оваа помош произлезе од податоците дека сите други економски мерки кои се однесуваа на медиумите не успеаа докрај да ја постигнат целта, бидејќи и покрај нив платите на вработените во многу медиуми беа намалени, а во одредени беа забележани и отпуштања“, стои во соопштението.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници смета дека ова е важен чекор кон подобрување на работничките права на новинарите и медиумските работници и дека заедничката солидарност и самоорганизираност покажува дека можеме да се избориме за поголемо унапредување на стандардот и нашите работнички права.

„Овој пример покажува дека заштитата на правата на вработените е во полза на медиумите и, следствено, на нивните сопственици и затоа за нас останува нејасна праксата на обесхрабрување на вработените синдикално да се организираат од страна на некои сопственици на медиуми.

Апелираме до колегите новинари и медиумски работници да пријавуваат и до нас и до надлежните државни органи какви било прекршувања како на оваа уредба, така и на сите други работнички права кои произлегуваат од Законот за работни односи.

Истовремено, повикуваме на професионално, точно и навремено известување, односно почитување на новинарските стандарди и кодекс, нешто што е од особено големо значење во кризи како пандемијата со Ковид-19“, се додава во соопштението.

Македонија

Филипче: На денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека  на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и дека во изминатите четири месеци тој и колегите во Комисијата за заразни болести се целосно посветени да обезбедат препораки, закони и протоколи со кои ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

„Протоколите кои досега ги подготвивме за повторно отворање на бизнисите и нормализирање на животот по нови правила, се покажаа многу ефикасни. Се докажа дека со почитување на овие протоколи за лична заштита од коронавирусот, целосно е безбедно да се пазари во маркет, да се оди на работа или да се користи јавниот превоз. Тоа е едноставно нашата нова реалност и нов начин на живот“, рече министерот Филипче.

Идната седмица се одржуваат предвремените парламентарни избори. Министерството за здравство, во соработка со другите институции, изготви сигурен и ефикасен пртокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласање.

Continue Reading

Здравје

Филипче: Кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче, на прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја, за состојбата во болниците, подготвеноста на капацитетите за следниот период, се осврна на анализите од Институтот за јавно здравје за изминатите недели, како и на состојбата во регионот.

„Во изминатите десет дена кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот, во соседните земји. Светската здравствена организација извести дека 60% од случаите од 10 милиони инфицирани со КОВИД-19 ширум светот се регистрирани во месец јуни. Ова потврдува дека насекаде има нов бран, кај нас дојде нешто порано и мислам дека многу рано го детектиравме. Сега се јавува во сите земји од нашето опкружување и тоа е директна последица на попуштањето на рестриктивните мерки и на непочитувањето на мерките за лична заштита“, потенцираше министерот Филипче.

Состојбата во светот, исто така потврдува дека првичните предвидувања на светските здравствени авторитети дека вирусот во текот на летото ќе исчезне – практично не се остварија.

„Во последните денови, светската статистика говори дека има пикови на новозаразени и починати и тоа е уште една потврда дека вирусот е тука. Ќе остане очигледно подолго време, а ние мора да бидеме подготвени. Мора да го подготвуваме здравствениот систем, да ги почитуваме мерките за лична заштита, да се навикнеме на новата реалност, што значи продолжување на сите нормални активности, но со почитување на мерките за лична заштита. Исто така мора да прифатиме дека оваа реалност можеби ќе трае и подолго од тоа што првично сите земји во светот го очекуваа“, изјави министерот Филипче.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје од 20 до 28 јуни споредено со претходната недела, во нашата земја регистрирани се 303 помалку нови случаи со КОВИД-19, со помалку смртни случаи, 216 повеќе оздравени пациенти. Изминатата недела има вкупно околу 860 случаи, што е значајно помалку од 1.000 случаи во просек претходните три недели, што значи и минатата недела инциденцата е нешто пониска. Р0 Факторот на преносливост во изминатите десет дена, два до три дена е само над единица – 1,1, целиот останат период е околу 0.9.

Continue Reading

Економија

Од денеска незначителни промени на цените на горивата кои важат од синоќа на полноќ

Виолета | Media Press

Published

on

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, соопшти Регулаторна комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,980 ден/кг.

Continue Reading