Connect with us

Македонија

Придонесите на плата на новинарите и медиумските работници целосно ќе ги покрива државата

Виолета | Media Press

Published

on

Државата стопроцентно ќе ги покрива придонесите на плата на вработените во медиумите и медиумските куќи, телевизиите, радиодифузерите, печатените медиуми, како и електронските интернет портали, информираа денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

Оваа мерка, според Османи, Владата ја донела со консултациите со Самостојниот синдикат на новинарите и медиумски работници со цел поддршка за оние кои ја водат битката против пандемијата.

„Веќе подолго време предупредувам дека сме загрозени од лажните вести и наменската пропаганда која најсилно ја чувствуваме токму во справување со предизвиците од пандемијата ковид-19. Во борбата со лажните вести најпрво е потребно да им се даде поддршка на оние кои ги пренесуваат точните вести. Токму во оваа насока беше иницијативата да обезбедиме поддршка за медиумите за новинарите и медиумските раотници кои рамо до рамо заедно со здравствените работници и припадниците на безбедносните служби, беа и сѐ уште се на прва линија на одбрана од пандемијата“, рече Османи.

Тој појасни дека времетраењето за кое ќе важи оваа одлука се изедначува со времетраењето на вонредната состојба, а започнува веднаш по нејзиното укинување.

Kако што истакна Османи, оваа мерка ќе можат да ја искористат оние медиуми кои за време на кризата не отпуштиле ниту еден работник поради кризата, а тоа право ќе го немаат и за времетраењето на субвенцијата.

„Оние медиуми кои поради кризата ги намалиле платите и на одредени или сите вработени, за да можат да ја искористат субвенцијата ќе треба да ги вратат платите на нивото од пред почетокот на вонредната состојба“, истакна Османи.

Тој додаде, бидејќи интересот на Синдикатот се самите вработени новинари и медиумски работници, право на оваа мерка ќе имаат медиумите кои имаат најмалку тројца постојано вработени работници.

Македонија

Расте бројот на нови слуачи на ковид -19 во Југоистокот, 3 нови случаи во Радовиш, 11 во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

112 нови случаи на Ковид -19 а починале 8 пациенти, ова е билансот од денешниот извештај од Министерството за здравство.

-Во болнички услови се починати 8 пациенти од Тетово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г), соопшти денеска Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 46, Куманово 7, Штип 1, Прилеп 2, Тетово 1, Струга 6, Велес 4, Битола 7, Охрид 4, Гостивар 3, Струмица 11, Радовиш 3, Кочани 4, Пробиштип 1, Берово 1, Валандово 1, Виница 1, Делечево 1, Кратово 1, Свети Николе 4,, Кичево 2 и Ресен 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје 42, Куманово 8, Штип 3, Прилеп 8, Тетово 10, Струга 6, Велес 4, Битола 3, Охрид 10, Кавадарци 2, Гостивар 13, Гевгелија 11, Струмица 4, Крива Паланка 2, Радовиш 2, Крушево 2, Кочани 4, Пробиштип 1, Македонски Брод 2, Пехчево 1, Берово 3, Валандово 1, Виница 2, Делчево 8, Свети Николе 3, Кичево 3 и Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248.

Continue Reading

Македонија

Јануари најризичен период за корона вирус

Виолета | Media Press

Published

on

Според министерот за здравство Венко Филипче најризичен период кој следува со коронавирусот е месец јануари.

Тој во вчерашната Топ Тема објаснува дека месец јануари е периодот кога ќе заврши циклусот од два месеци кога луѓето ќе бидат затворени, односно ќе има интензивна комуникација во затворени простории.

Филипче објаснува и дека се планира ширење на стратегијата, во однос на тестирањето, со еден вид масовно тестирање, преку новите тестови кои ќе се набават. Тоа се брзи тестови за регистрирање на вирусот, не на антителата, кои би го детектирале вирусот за 15-тина минути. Истите ќе бидат распределени во сите болници, но и на граничните премини. 

Во однос на полициски час Филипче рече дека нема да има на ниво на држава, туку можеби во некои општини или региони.

Continue Reading

Економија

Заев: Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави

Виолета | Media Press

Published

on

Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави, рече претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5.

„Апелирам да на се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа“, истакна премиерот Заев.

Тој го образложи механизмот на скалесто одредување на висината на финансиската поддршка за плати во стопанството, во зависност од висината на штетите во работењето од последиците од КОВИД-19, како новина во четвртиот пакет мерки кој ќе опфати 83.000 вработени, за 250.000 плати за три месеци, за што се предвидени 70 милиони евра.

Continue Reading