Connect with us

Македонија

МВР и инспекторатите со засилени контроли во кризните подрачја

Александар | Media Press

Published

on

На вчерашната 63-та седница на Владата во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 е заклучено да се воведат засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја на градот Скопје и општините во градот Скопје, потоа во околните скопски општини Арачиново, Студеничани, Илинден, Петровец и Зелениково, како и во општините Куманово, Липково, Штип и Карбинци, Тетово и тетовски општини Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, каде што е регистриран поголем број на новозаразени граѓани.

Во оваа насока, Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција да изготват посебни акциски планови за контрола и за спречување на отстапувањето на мерките за заштита, како и санкционирање на секое непридржување до донесените мерки.

На вчерашната седница се донесени Уредба за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба и Уредба со законска сила за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти од областа на индустријата во пост КОВИД- 19 периодот, со која се уредуваат видот, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на трговските друштва од областа на индустријата со цел да се стабилизира и обнови нивната деловна активност вклучувајќи го враќањето на изгубени пазари со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за заздравување на домашната економија, преку реализација на инвестициски проект во пост-ковид периодот во текот на март 2020 година до декември 2021 година.

На предлог на Министерството за транспорт и врски Владата денеска ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, со која се задолжува закупецот да го врати во првобитна состојба градежното земјиште кое било предмет на краткотраен закуп предвидено со урбанистички план или урбанистичко-планска документација за плажа, а за кое временскиот рок за краткотраен закуп е истечен или договорот за краткотраен закуп е предвремено раскинат.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои информацијата за активностите на Европската Унија за справување со дезинформациите и ширењето на лажни вести поврзани со пандемијата на КОВИД-19. Од информацијата произлегуваат препораки со кои на земјите членки, како и на земјите кандидати за членство во Унијата, им се препорачува промовирање на проверени информации и веродостојна содржина со појдовен извор како што е Светската здравствена организација, како и спротивставување на измами поврзани со коронавирусот, унапредувањето на принципот на одговорност и одговорноста на онлајн платформите и детекција и анализа на дезинформациите, вклучувајќи и преземање на координирани кампањи за справување со дезинформациите и ширењето на лажни вести поврзани со пандемијата на КОВИД-19.

Македонија

Изгласани измените на Законите за основно и средно образование

Виолета | Media Press

Published

on

Собранието вчера ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на наставата во државата и во време на вонредни околности, каков што е случајот со пандемијата со Ковид-19.

Со законските измени, се овозможуваат исклучоци од редовниот воспитно- образовен процес и тоа во повеќе случаи: во услови кога има утврдена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави, или други големи природни непогоди.

Во вакви вонредни услови,  наставата во основното и средното училиште ќе може да се организира со физичко присуство на учениците, или на далечина со примена на средства за електронска комуникација. Според измените на законите организирањето на наставата со физичко присуство на учениците  ќе биде можно, само ако, се исполнети критериумите и условите согласно протоколите и планот за одржување на наставата за основните и средните училишта, донесени од Владата.

 Со законските измени се прават и исклучоци во однос на започнувањето  и завршувањето на учебната година за време на вонредни околности така што, учебната година може да започне и заврши и во време различно од времето кога вообичаено започнува учебната година, за што ќе одлучува Владата.

Измените на двата закона предвидуваат и наставниот час да трае пократко од 40 минути, заради поголема заштита на учениците кои ќе следат настава со физичко присуство, а предвидено е и можност за кратење на наставните денови во учебната година од 180 на најмалку до 100 дена.

Continue Reading

Македонија

Со стручно предавање во Вила Водно одбележан Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест

Виолета | Media Press

Published

on

По повод одбележувањето на Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест, вчеравечер во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски се одржа стручно предавање од областа на медицината чија цел е подигнување на свеста за постоењето на Алцхајмеровата болест преку  едукативни предавања.

На настанот којшто е дел од иницијативата на сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска за  трансфер на знаења и размена на идеи и искуства со младите кои студираат на факултетите од областа на медицинските науки, присуствуваше Министерот за здравство Венко Филипче, студенти од Медицинскиот факултет, млади лекари и  специјализанти.

На тема  “Алцхајмерова болест-тивка епидемија на 21 век“ свое предавање имаше асист. д-р sci Габриела Новотни, од Медицинскиот  Факултет при Универзитет “Св. Кирил и Методиј“, која за Алцхајмеровата болест рече дека полека , но сигурно станува тивка епидемија на 21.век.  Според Новотни, во светот има околу 50 милиони заболени од оваа болест, а до 2050 година се очекува оваа бројка да се триплира. Таа истакна дека со оглед на тоа дека се идентификувани ризик факторите кои се типични кај нашата популација, треба да се направи чекор понатаму кон превентивна стратегија или истата да се вклопи во  идна национална стратегија за превенција на деменцијата.

За врската помеѓу Aлцхајмеровата и парадонталната болест со свое предавање на настанот учествуваше и проф. д-р Кристина Митиќ, специјалист по болести на устата и пародонтот  на Стоматолошкиот факултет при  Универзитет “Св. Кирил и Методиј“.  „Ако тргнеме од ставот дека превенцијата на пародонталната болест би можела да го намали ризикот од деменција, доаѓа и сугестијата дека воведување на здрави навики уште во најрана возраст можат да помогнат во одложување на почетокот на Алцхајмеровата болест“, истакна проф. д-р Митиќ.

Оваа иницијатива која започна во февруари годинава, со предавањето на  министерот за здравство, Венко Филипче, од областа на неврологијата, а реализирано во канцеларијата на Претседателот, МладиХаб продолжи минатиот месец во Кабинетот на Претседателот со стручното предавање на сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на тема: „Симплифицирана 3D визуелизација: µCT евалуација in vitro и in vivo“.

На предавањата можат да присуствуваат сите заинтересирани лица бидејќи истите се од отворен тип и се корисни за сите идни медицински работници овозможувајќи им преку директен контакт и разговор да добијат одговори на прашања кои останале неодговорени, како и можност за покренување на нови иницијативи.  Воедно, оваа иницијатива на студентите и младите лекари им овозможува да се запознаат со вредни трудови на стручњаци од областа на медицината и надвор од нивните специјализации и просториите на факултетот, информираат од кабинетот на претседателотот Пендаровски.

Continue Reading

Македонија

7 пациенти починале од корона вирус и 45 нови случаи биле регистрирани за 24 часа

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на коронавирус. Починале седум лица, а оздравеле 86 заболени. Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 достигна 700.

Најголем број од новите случаи се од Скопје – 10 и Кочани – девет.

Пет случаи се потврдени во Тетово и Берово, по четири во Куманово и Гостивар, два нови случаи во Кичево и по еден во Штип, Прилеп, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-8, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-5, Крива Паланка-7, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Пехчево-7, Виница-4, Свети Николе-1.

Починати се седум лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.780, бројката на оздравени пациенти е 13.949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.131.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 150, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Continue Reading