Едно лице загина, а уште десетмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи вечерва околу 19 часот на магистралниот пат Струмица Радовиш, на влезот кај селото Василево.
Имено во 18.48 часот на регионалниот пат Струмица – Радовиш (на влезот во селото Василево) , ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа помеѓу 2 патнички моторни возила. 1 лице е починато на лице место, а 10 се потешко или полесно повредени.
Според првичните и засега неофицијални информации едно од возилата превезувало мигранти и се движело со голема брзина. Најверојатно, бегајќи од полицијата прво удрило во другото возило во кое се наоѓал сега веќе загинатиот, а потоа излетало од патот по што удрило во ѕид. Покрај полицијата и екипи на итната медицинска помош, на терен беше и екипа на противпожарната единица.
Во интервенцијата учествуваа шестмина пожарникари . За да бидат извадени повредените, пожарникарите користеле и специјални хидраулични алатки. Од СВР СТрумица ја потврдија информацијата, а детали за несреќата најавија по завршувањето на увидот.
За време на увидот патниот правец кон Струмица неколку часа беше во целосен прекин, а сообраќајот се насочуваше по стариот пат преку селото Добрејци.