Во Скопје има вкупно 653 активни случаи на КОВИД-19, од кои во Општина Чаир се 168, во Центар 64, во Бутел 63, Гази Баба 58, во Аеродром 57, Сарај 55, во Карпош 45, во Кисела Вода 35, и во Арачиново 23.
Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 67
– Штип 33
– Тетово 10
– Охрид 6
– Струга 5
– Кочани 2
– Пробиштип 2
– Куманово 1
– Дебар 1
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти.- Скопје 4- Тетово 2- Гостивар 1
Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343.
Скопје, вклучувајќи ги и Штип, Куманово и Тетово, се едни од најкритичните региони и се очекува Владата на денешната седница дали ќе врати дел од рестриктивните мерки, како што е полицискиот час.