Connect with us

Здравје

Регистрирани 125 нови случаи, прв смртен случај во Струмица предизвикан од Ковид-19

Александар | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19. Во Скопје има 46, Kуманово 19, Штип 17, Тетово 16, Струга 7, Гостивар 6, Охрид 5, Велес 3, Неготино 2. По еден регистриран случај имаат Прилеп, Битола, Кочани, Делчево.

Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти. Велес 4, Прилеп 2- Тетово и Свети Николе по еден.

Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на Ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.

Здравје

173 нови случаи на Ковид-19, 4 нови случаи во јогоисточниот регион, 15 починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-3, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-1, Штип-7, Тетово-12, Струга-10, Велес-1, Охрид-4, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Неготино-2.

Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 лица, на возраст 64,73 и 80 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се 9 лица, двајца пациенти на возраст од 54 години, останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години.

Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 односно 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6625, бројката на оздравени пациенти е 2748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3556.

Continue Reading

Здравје

Се уште висок број на заболени од Ковид -19, 132 нови случаи за 24 часа, двоцифрен број и на починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во: Најголем број од нив се од Скопје 57, -Тетово 19, -Штип 13 , -Куманово 10, -Прилеп 7, -Гостивар 6, -Охрид 5, -Велес 4, -Струга 3, -Пробиштип и Свети Николе по 2, -Дебар, Битола, Кавадарци и Ресен по 1

Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти од:

-Скопје 42
-Штип 40
-Прилеп 1
-Тетово 16
-Велес 1
-Гостивар 5
-Кочани 2
-Пробиштип 3
-Свети Николе 2

Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Continue Reading

Здравје

Коронавирусот не стивнува, 150 нови случаи на заболени и 9 починати пациенти

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 93, Куманово-7, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-12, Струга-3, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-3, Кочани-1, Кичево-8, Ресен-5, Неготино-1, информираше Министерството за здравство  .

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти од: Скопје-21, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-3, Битола-1.

Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 79 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се две лица од Скопје на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починати се пет лица на возраст 63, 60, 77, 72 и 69 години. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393.

Направените 1086 теста се преку: ИЈЗ –527, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –95, Биотек –125, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -171, Судска медицина-4,  Систина  со PCR метода -134 и ЦЈЗ Битола-30. Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле се хоспитализирани 4 деца позитивни и сомнителни на ковид и 17 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 133 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 30 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Continue Reading