Во рамките на проектот „Субвенционирање за купување на велосипеди“ и согласно програма за активностите во областа на заштита на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2020, Општина Струмица, и Градоначалникот Коста Јаневски, објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2020 година
За два дена по објавувањето на Јавниот повик, Фондот за субвенционирање за купување нов велосипед е целосно искористен.
„Комисијата ги разгледа пристигнатите апликации и прифатени се вкупно 229, од кои последна прифатена е апликацијата доставена денеска точно во 10:30 часот. Девет барања се одбиени заради нецелосна документација или неисполнување на критериумите“ информираат од општината.
Средствата што Општина Струмица ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Право на учество на Јавниот повик имаа
жителите на Општина Струмица , кои ќе купат нов велосипед во Република Северна
Македонија од 01.06.2020 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за
Јавниот повик, или не подоцна од 30.09.2020 година, и кои ги исполнуваат
условите од овој Јавен повик.
Вработените со потесното семејство во Општина
Струмица и трите јавни претпријатија ЈПКД Комуналец, Струмица Гас и ЈП
Паркиралишта немаа право на учество на Јавниот Повик.
Од општината најавуваат дека овој проект може да продолжи и наредната
година со издвојување на уште поголем износ на средства од општинскиот буџет.