Радовиш

Советот донесе одлука, родителите нема да плаќаат за градинка додека трае вонредната состојба

Советот на Општина Радовиш донесе одлука за ослободување на родителите од надомест за трошоци за градинка на територија на општината. Одлуката е за периодот на траење на вонредната состојба во земјава.

Имено на барање на ДГ Аца Караманов од Радовиш по претходно донесена  одлука на Управен одбор,  Советот донесе одлука за ослободување на родителите  за режиски трошоци во износ од 520 денари месечно, се до завршувањето на вонредната состојба.

-„Изгласавме „нула трошок“ додека дечињата седат дома, а градинките се затворени. Во време на пандемија излегуваме во пресрет на граѓаните, секако на предлог на градинката. Се обидуваме да ги намалите трошоците на семејствата во услови кога економијата на светско ниво, но и семејните буџети трпат последици од Ковид-19“ вели, градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов по одонос на оваа одлука..

„Родителите чии деца беа згрижени во нашата градинка ќе бидат ослободени од плаќање на месечниот надомест за време на корона кризата за април и мај годинава, а  со оваа одлука ги ослободуваме и од  плаќање  ни режиските трошоци. Фер е да и излеземе во пресрет на родителите во оваа тешка состојба за сите“, рече директорката на градинката Љупка Тренчева, бидејќи како што рече Тренчева има родители кои испраќаат  во градинка и по две дечиња и тоа сепак е терет за семјниот буџет.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago