Радовиш

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ОД РАДОВИШ ПО ПОВОД ДУХОВДЕНСКАТА ЗАДУШНИЦА

Се известуваат православните верници од Радовиш, дека по повод претстојните празници Задушница и Духовден, а поради забраната од страна на Владата за одење на гробишта, помените за починатите ќе се извршуваат во храмот Св. Пророк Илија ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ ДЕН (петок и сабота) почнувајќи од 7:00 – 15:00 часот.

„Верниците ќе бидат услужени веднаш по доаѓањето во храмот во било кое време. Потребно е да носат само пченица, леб и вино!

Се замолуваат верниците да ги почитуват мерките за превенција и заштита пропишани од Владата на Р. Македонија“ стои во известувањето од парохиското свештенство при град Радовиш.

А по повод големиот христијански празник Духовден кој се слави три дена, во понеделник во црковниот храм Света Троица во Радовиш ќе се одржи Света архиерејска богослужба.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago