Connect with us

Македонија

СВР Струмица најавува интензивни контроли во угостителски објекти и маркетите

Avatar

Published

на

Секторот за внатрешни работи Струмица, упатува апел до    сопствениците на угостителски објекти и  сопствениците  на маркети, строго да ги почитуват  прецизно утврдените протоколи за нивната работа донесени од Владата.

„Истовремено  апелираме до сите граѓани да ги почитуваат одлуките  на Владата за забрана на движењето  и Уредбата со законска сила за задолжително носење  на лична заштита на лицето,  со единствена цел заштита и превенција од ширењето на  Коронавирусот  COVID-19.  

Во претстојниот период  од страна на полициските службеници ќе бидат интензивирани контролите   како самостојно така и во координација со Државниот пазарен инспекторат.

Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, доколку  пак се утврди дека сторената активност има елементи на прекршок ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава против сторителот/те“ стои во соопштението од СВР Струмица.

Од таму додаваат дека граѓаните, можат да ги пријавуваат сите случаеви на лица кои ги прекршуваат одредбите на бесплатниот телефонски број  192.

„СВР-Струмица  будно ќе ја следи состојбата“ стои во известувањето.

Избори 2024

Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници

Avatar

Published

на

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.

„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите

Avatar

Published

на

„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .

Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот

Avatar

Published

на

„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.

„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо –  победуваме!

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и  нивните измеќари од СДСМ!       

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.

Прочитај повеќе