Connect with us

Валандово

Мерка притвор за Гевгеличанец кој извршил 12 кражби во Гевгелија, Богданци и Валандово

Александар | Media Press

Published

on

Јавен обвинител од Основното јавно бвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека го сторилo кривичното дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.

Во временскиот период од 03.01.2020 година до 24.05.2020 година, осомичениот во 12  наврати со умисла преку временски поврзани дејствија повеќекратно  извршил кражби. Тој со намера за себе да прибави противправна имотна корист, искористувајќи слични прилики,  со провалување влегол во деловни и приватни објекти на 12 оштетени физички и правни лица од Гевгелија, Богданци и Валандово и одземал предмети со намера истите противправно да ги присвои.  Делата ги вршел со насилно отворање врати или прозори на приватни и деловни објекти,  од кои потоа одземал парични средства и предмети.

Бидејќи постојат  околности кои укажуваат на опасност од бегство, односно дека осомничениот нема да биде достапен на органите на прогонот, а имајќи ја предвид тежината на стореното криивчно дело и запретената казна,  јавниот обвинител до судот достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.  Предлогот на обвинителството беше прифатен, па Судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија со решение на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.

Валандово

Со јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина, започнува постапката за изградба на експресен пат Струмица – Валандово

Виолета | Media Press

Published

on

Со јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина, која што се одржа деновиве во Валандово, започнува постапката за изградба на експресен пат Струмица – Валандово – спој со автопат Пријателство, во должина од 25 километри.

Јавното претпријатие за државни патишта во Домот на култура “25 Мај” – Валандово, одржа презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за проектот за нов експресен пат во југоистокот.

„На презентацијата и јавната расправа, присуствуваа институции, заинтересирани поединци и претставници на стопански субјекти и беа отворени прашањата за потребата од заштита на животната средина при реализација на проектот, како и значењето на истиот за граѓаните и локалниот бизнис“, информираат од Општина Валандово.

Реализацијата на овој проект е од круцијално значење за општина Валандово, и истиот значително ќе ја подобри компаративната предност на валандовското стопанство и олесни протокот на валандовскиот производ до два гранични премини.

Continue Reading

Валандово

Одржана итна седница на Општинскиот кризен штаб во Валандово

Виолета | Media Press

Published

on

Поради влошената епидемиолошка слика во општинаВаландово Синоќа беше одржана итна седница на Општинскиот кризен штаб, каде беа донесени следните заклучоци:

-Целосна институционална вклученост на сите чинители во борбата против Ковид 19;

-Зачестени контроли на МВР и пазарниот инспекторат низ општината;

-Апел до граѓаните за целосно почитување на пропишаните мерки и протоколи од надлежните институции;

-Редовна дезинфекција на детските градинки, училиштата и останатите институции во општината;

-ТППЕ Валандово и ЈП Комунален сервис – Валандово да вршат редовна и секојдневна дезинфекција на улиците, тротоарите, парковите и останатите јавни површини во општината, информираат од Општина Валандово. Инаку во текот на вчерашниот ден во Валандово беа регистрирани 4 нови случаи  позитивни на Ковид -19.

Continue Reading

Валандово

Се откажува традиционалната „Валандовска ракијада“

Виолета | Media Press

Published

on

Поради состојбата со пандемијата од Covid-19, се откажува овогодинешната “Валандовска ракијада”, која традиционално се организира секоја година во општина Валандово.

„Валандовската ракијада е исклучително важен настан за општина Валандово. Преку истиот, се промовираат дел од културолошките посебности на валандовчани и се истакнуваат автентичните вредности пренесувани со генерации наназад. Се надеваме на подобри времиња и продолжување на традицијата, од наредната година“ велат од општината.

Continue Reading