Connect with us

Радовиш

ИНСПЕКТОРАТОТ СО ЗАСИЛЕН НАДЗОР И АКТИВНОСТИ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА РАБОТАТА НА ИНСПЕКТОРИТЕ

Виолета | Media Press

Published

on

Општинскиот инспекторат во периодот што следува ќе врши засилен инспекциски надзор на територијата на општината. Покрај надзорот на правните и физичките лица, ќе се прземаат активности за промовирање на транспарентноста во работата на службите и подигање на јавната свест на граѓаните за нивните права и обврски.

На одржаниот координативен состанок со градоначалникот се разгледуваше работата на општинскиот инспекторат, активностите на терен и степенот на оперативност на сите инспектори.

Градоначалникот Конзулов истакна дека е потребно зголемување на инспекциските контроли во сите области, со посебен акцент на животната средина и нелегалното одлагање на ѓубре.

Општинскиот инспекторат работи во служба на граѓаните и целта на инспекторите е првично да укажуваат и издаваат опомени а пак казните следуваат како крајна мерка.

За да се подигне нивото на транспарентност сите следни активности ќе бидат јавни и промовирани од општината, велат од Општина Радовиш.

Радовиш

6 нови случаи позитивни на Ковид-19 во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, Пробиштип-3, Берово-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-5, Кичево-2, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-8, Дебар-13, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-29, Струга-2, Велес-6, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-8, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-14, Крива Паланка-2, Радовиш-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Берово-5, Валандово-1, Виница-5, Кичево-5.

Во болнички услови се починати 2 пациенти од Прилеп (80г) и Велес (54г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17977, бројката на оздравени пациенти е 14959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2279. Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7025, активни 727
• Куманово 1764, активни 181
• Дебар 286, активни 31
• Штип 1257, активни 51
• Прилеп 684, активни 130
• Тетово 1442, активни 146
• Струга 672, активни 50
• Велес 328, активни 32
• Битола 309, активни 63
• Охрид 428, активни 40
• Кавадарци 239, активни 42
• Гостивар 936, активни 89
• Гевгелија 126, активни 40 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 251, активни 149
• Крива Паланка 110, активни 26
• Радовиш 85, активни 21
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 363, активни 162
• Пробиштип 115, активни 22
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 8
• Пехчево 44, активни 3
• Берово 104, активни 32
• Валандово 35, активни 24
• Виница 114, активни 26
• Делчево 163, активни 80 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 25, активни 1
• Свети Николе 352, активни 44
• Кичево 328, активни 34
• Ресен 164, активни 15
• Неготино 54, активни 7 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1697 теста се преку: ИЈЗ-588, ЦЈЗ Скопје-88, Авицена-360, Биотек-158, МАНУ -118, Жан Митрев (Филип Втори)-110, Систина со PCR метода -117, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-54, Инфективна клиника-7, ГАК-11, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 188.777 тестирања на Ковид -19. 

Continue Reading

Радовиш

Со ликовен хепениг на млади уметници од денеска започна традиционалната ликовна колонија „Караманов- 2020“ во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Со ликовен хепениг на талентирани ученици од основните училишта во Општина Радовиш, од денеска започна традиционалната ликовна колонија „Караманов- 2020“ во Радовиш. 17те млади уметници  кои твореа во прекрасниот амбиент во дворот на црковниот храм Света Троица, ги посети и градоначалникот Герасим Конзулов заедно со секретарот на општината Драги Стојанов.  Делата ќе бидат изложени утре во Центарот за култура „Ацо Караманов“ кога ќе биде и свеченото отварање на ликовната колонија „Караманов -2020“.

Ликовната колонија „Карамнов“ ќе биде одржана на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица согласно препораките и протоколите предвидени за органзирање на вакви настани во услови на пандемија.

Според директорката на центарот за култура Изабела Ангелова, како организатори на оваа традиционална ликовна колонија, и годинава уметниците ќе имаат можност да творат иако во вонредна ситуација поради пандемијата, почитувајќи сите мерки и препораки. Се очекува да учествуваат 15 уметници од Македонија.

Иако е со Меѓународен карактер на истата нема да учествуват уметници од странство.  Ликовната колонија „Караманов“ се организира во чест на  младиот радовишки писател Ацо Караманов, кој покрај со пишување  се занимавал и со цртање на карикатури. Истата е во организација на центарот за култура „Ацо Караманов“ а под покровителство на Министерството за култура и Општина Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Денеска се слави празникот Вера, Надеж и Љубов

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска се слави споменот на четирите светителки Вера, Нада и Љубов и мајка и Сифија, празник на мајките и нивните ќерки

Четирите светици уживаат голем култ и голема почит кај македонскиот народ. На денешен ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија, која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.

Кај нашиот народ е познато заколнувањето во вера, надеж и љубов. Четирите светици биле личности за кои христијанството тврди дека постоеле и во чија слава го одбележуваме денешниот празник.

Светите маченици Вера, Нада и Љубов живееле во Рим во време на царот Адријан, кој наредил нивно мачење, а потоа им изрекол и смртна казна.

Тие трите уште како деца биле обвинети поради тоа што проповедале христијанство. Вера тогаш имала само 12 година, Нада 10, а Љубов 8 години. Мачителите по тој редослед најпрво ги мачеле, а потоа и убиле една по една.

По наредба на царот, Вера, Нада и Љубов најпрво се тепани, потоа фрлени во врела смола, а на крај им се сечени делови од телата пред да се фрлат во оган.

Преданијата велат дека нивната мајка Софија, три дена на гробот на нејзините ќерки го молела Бог да ја земе. Бог после третиот ден ја земал и ја однел во рајот кај нејзините деца.

Овој празник е посветен на жените и нивните деца, првенствено на ќерките. Се верува дека девојчињата треба да се израдуваат со некој подарок, колку и скромен да е тој. Подарокот може да биде и нематеријален, барем посветете им го целото внимание и покажете им колку ги сакате.

Continue Reading