Connect with us

Гевгелија

Одржан состанок со директорите на образовните институции во Гевгелија, на иницијатива на градоначалникот Поцков

Виолета | Media Press

Published

on

Градоначалникот Сашо Поцков денеска оствари работен состанок со директорите на образовните институции во Гевгелија и населените места, со цел да се анализираат образовните активности во овој период кога сеуште трае пандемијата со коронавирусот.

Според информациите од општината на состанокот присуствувал и д-р Сашко Олумчев, епидемиолог и раководител на Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.

„Се дискутираше за начинот на спроведување училишни активности во наредниот период како: уписот на првачињата во основните училишта, уписот на ученици во прва година, средно образование, одржување на наставничките совети и активностите околу завршетокот на учебната година 2019/2020“, велат од општината.

„Се констатираше дека при уписите на учениците во основните училишта, од страна на вработените во училиштата и од родителите и децата, се почитува протоколот со предвидените мерки за заштита од Корона вирусот изготвен од Владата на РСМ.
Исто така, училиштата доследно ги почитуваат мерките на Владата на РСМ и дадените насоки за реализирање е-настава од страна на Министерството за образование. Како што информираа директорите, наставниците редовно ги одржуваат онлајн-часовите, ги оценуваат домашните на учениците и навремено го пополнуваат Е-дневникот според наставните планови и програми“, вели градоначалникот Сашо Поцков.

прикажи повеќе
Advertisement

Гевгелија

Скопјанец се обидел да прошверцува над 200 мигранти

Виолета | Media Press

Published

on

За помалку од еден месец откриени три шлепери полни со мигранти. Последниот случај е регистриран синоќа околу полноќ во близина на базата на Македонија пат кај Гевгелија. Имено синоќа во атарот на селото Стојаково полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција- Југ при Бирото за јавна безбедност забележале товарно возило со скопски регистарски ознаки, кое се движело по земјен пат од селото Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци.

Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Гевгелија

Гевгеличанка уапсена поради прекршување на самоизолација

Александар | Media Press

Published

on

31 годишна гевгеличанка е уапсена на базен во Гевгелија од страна на полициски службеници. Причина за лишувањето од слобода е прекршувањето на одлуката на Владата за самоизолација

„На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија, која не се придржувала на одлуката на Владата и решението за самоизолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

По комплетирање на случајот, за А.Г. ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик. Известен е Јавен обвинител, а лицето било спроведено во државен карантин.“ – Стои во соопштението од МВР

Continue Reading

Гевгелија

Побегнал пациент од дворот на Невропсихијатриска болница Негорци

Виолета | Media Press

Published

on

Случајот го пријавил лекар од Невропсихијатриска болница. Имено на  21.06.2020 околу 18 часот  во Полициската станица Струмица, лекар од Невропсихијатриска болница Негорци пријавил дека од дворот на болницата побегнао лицето  З.В.(39) од Штип, кој во болницата бил пренесен од Затвор од Штип, каде претходно издржувал затворска казна.

Полициската станица Гевгелија презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading
Advertisement