Connect with us

Свет

ИТАЛИЈА ги отвори границите за туристите од ЕУ

Виолета | Media Press

Published

on

Италија од денес ги отвара границите за туристите од ЕУ, но со „пресметан ризик“.

Туристите од ЕУ од денес ќе можат да патуваат во Италија без задолжителен 14-дневен карантин, како дел од укинувањето на строгите мерки превземени поради вирусот КОВИД- 19. Укинувањето на оваа мерка важи и за земјите кои се во Шенген зоната, а со цел да се овозможи олеснување на патните ограничувања и да им овозможи слободно движење на луѓето во земјата. Италија беше првата земја која во обид да ја забави епидемијата во државата, воведе строги рестрикции на национално ниво во март оваа година.

Како што јавува БИ-БИ-СИ, Италија исто така ги укинува ограничувањата кои се однесуваат на домашните патувања, што им овозможува слободно движење на луѓето меѓу регионите.

Границите на Италија се отворени без карантин за следните држави: *26-те членки на Европската унија *Членови на Шенген зоната Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија *Обединетото Кралство *Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан.

 Италија досега има регистрирано повеќе од 230,000 случаи на корона вирус, од кои активни случаи се 39,000.

Свет

Европа постепено ги отвара своите граници

Александар | Media Press

Published

on

По препораката на Европската комисија, голем дел од европските земји одобрија отворање на своите граници од денеска 15 Јуни. Тоа претставува значаен чекор по тримесечните рестрикции на движењето на луѓето поради пандемијата од вирусот Ковид-19.

Белгија, Франција, Чешка, Грција се меѓу државите што денеска ги отворија своите граници, а Австрија тоа ќе го направи утре.

Заедничкиот координиран потег на државите за отварање на границите е по препорака на Европската Комисија за земјите да ги отворат границите што е можно побрзо. Иако, секоја земја спроведува свои поразлични правила, како барања за тестирање, карантини и други мерки за патувања или ограничувања за одделни земји и региони.

Полска ги отвори своите граници за туристите на 13-ти овој месец, Германија ги отвори граничните премини на 14 јуни.

Со повторното отворање на границите на земјите од Европа се зголемува и загриженоста дека вирусот Ковид-19 може повторно да се врати и се очекува дека многу граѓани од Европските земји можат да летуваат дома наместо да патуваат на друго место.

Continue Reading

Свет

За влез во Словенија задолжителен 14 дневен карантин, за сите оние кои доаѓаат од Македонија

Виолета | Media Press

Published

on

По Бугарија и Црна Гора, сега и Словенија донесе одлука да не дозволи слободно влегување на граѓани кои доагаат од Македонија на нејзина територија.

Словенечката Влада објави дека донела одлука сите оние кои доаѓаат од Македонија да мораат да одат во задолжителен 14 дневен карантин. Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Македонија или  на наекоја друга држава членка на Европската Унија а доаѓаат од Македонија.

– Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка. Сите они кои во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14 дневен карантин, објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.

Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.

Вчера беше најавено дека и Грција ќе ја преоценува одлуката со која од 15 јуни таму се дозволува влезот за нашите државјани без 14 – дневниот карантин.

Continue Reading

Свет

Светската здравствена организација препорачува да се носат маски од платно

Виолета | Media Press

Published

on

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува владите да ги замолат сите да носат маски за лице од ткаенина во јавност во области каде постои ризик да го пренесат Ковид-19, со цел да помогнат при намалување на ширењето на пандемијата.

Во своите нови упатства, поттикнати од докази од студии спроведени во последните неколку недели, СЗО истакна дека маските за лице се само една од низата алатки кои можат да го намалат ризикот од пренесување на вирусот и не треба да даваат лажно чувство на заштита.

– Ги советуваме владите да ја охрабрат јавноста да носи маски. И тоа маска од ткаенина, односно не медицинска маска, рече експертот за Ковид-19 во СЗО, Марија Ван Керков, потенцирајќи дека според последните докази, ако се користи правилно, маската може да обезбеди бариера .

Continue Reading