Connect with us

Регион

100 тестирања од планираните 485 се завршени во Штип

Александар | Media Press

Published

on

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова изјави дека се следи ажурно состојбата со кластерите на новозаразени од вирусот Ковид-19 што се појавија во конфекциските фабрики во Штип.

Завршени се 100 тестирања до вчера од планираните 485 тестирања нa вработени во конфекциските фабрики во Штип.

Текстилните фабрики во Штип покажуваат сериозно почитување на протоколите со што веднаш по појавување на еден позитивен вработен веднаш престанаа со работа, изјави Бухова.

Таа демантира дека во конфекците е продолжена работата и прецизира дека таму денеска во присуство на надлежните инспекторати се врши тестирање, односно се земаат брисеви од вработените и нивното присуство таму е само од таа причина.

Радовиш

17 радовишани во изминатото деноноќие заработиле казна поради не носење заштитна маска, Владата размислува за зголемување на казните

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 50 лица не ја почитувале меркат, од кои 18 вo Гевгелија, 17 во Радовиш, 8 во Валандово и 7 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Continue Reading

Регион

Третото прскање против комарци кое беше одложено, конечно ќе се реализира

Виолета | Media Press

Published

on

Се известуваат граѓаните од општините Струмица, Василево и Радовиш дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 31.08.2020 година и 01.09.2020 година, со следниот распоред:

1. На 31.08.2020 година (понеделник), во период од 20.00 до 02.00 часот во општините Струмица и Василево;

2. На 01.09.2020 година (вторник), во период од 20.00 до 02.00 часот во општина Радовиш.

„Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период“ стои во известувањето од општините на чија територија ќе се спроведе прскањето.

Инаку граѓаните постојано се жалат дека има најезда на комарци ова лето и дека неможат да излезат во двор или на тераса, посебно во попладневните часови.

„Не помагаат никакви средства, спрејови, прашоци или било што друго против комарците кои ги има премногу“, коментираат граѓаните при меѓусебна средба.

Continue Reading

Регион

33-годишна радовишанка, физички нападната во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

Имено вчера 33 годишната радовишанка, случајот во кој наведува дека била физички нападната во центарот на Струмица, го пријавила во Полициската станица Струмица.

„На 20.08.2020 во Полициска станица Струмица К.Б.(33) од Радовиш  пријавила дека околу 13.00 часот во близина на трговски објект во Струмица била физички нападната од Е.И.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, стои во известувањето од СВР Струмица во кое повеќе информации околу случајот не се наведени.

Continue Reading