Connect with us

Радовиш

Почна уписот на првачиња под строг протокол во време на пандемија

Media Press

Published

на

 Од 01 јуни започна уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година, годинава во вонредни услови поради пандемијата со корона вирусот. Училиштата ги отворија вратите

 Во ООУ  во Радовиш уписот се одвива  согласно предвидениот протокол од министерството за здравство.

„Во ООУ Крсте Петков Мисирков се обезбедени сите потребни услови за упис на првачињата со потребната дезинфекција и користење на  заштитна  опрема. Со дваесетминутна пауза од еден до друг разговор со децата,  во меѓувреме дезинфекција и проветрување на просторијата“, истакна директорката Лујза Спасова.

Учебната година завршува олајн, а за добивањето на свидетелствата учениците дополнително ќе бидат известени.  

Радовиш

Општина Радовиш ќе спроведе акција за искоренување на бесправното градење на објекти

Media Press

Published

на

ЕЛС Општина Радовиш со цел да ја подигне јавната свест кај физичките и правните лица и генералната слика на општината во делот на градењето, во претстојниот период ќе спроведе акција преку превземање активности околу евиденција и идентификација на сите објекти кои во моментот бесправно се градат, соопштуваат од општината.

„За таа цел, најнапред се задолжуват сите инвеститори кои градат врз основа на одобрение за градење, на објектите кои ги градат да постават информативни табли – согласно законот за градење.Акцијата ќе започне од 01.12.2021 година. Доколку се затекнат објекти кои бесправно се градат или немаат информативна табла, ќе следуваат соодветни прекршочни пријави на инвеститорите. Исто така, ги охрабруваме сите граѓани на општина Радовиш кои имаат сознанија за бесправно градење, да пријават на официјалната е-mail адреса prijavi@radovis.gov.mk стои во соопштението од Општина Радовиш.

Инаку граѓаните на Радовиш се сведоци дека во последно време дивоградби никнуваат како печурки, посебно во периферијата на градот кон планината Плачковица, како и на излезот од градот кон Штип, во непосредна близина на градската депонија, каде и законски не е дозволено изградба на објекити за домување.

Прочитај повеќе

Радовиш

Започнаа градежните активности на улица Кејска во Радовиш

Media Press

Published

на

Започнаа работните активности на улицата Кејска од Голдмак до  улица бр. 2 во Урбан блок 9 во Радовиш. Извршено е обележување на трасите, а започнати се и припремните градежни работи.

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов кој беше на терен, вели дека инвестицијата е вредна околу 8 милиони денари. Тој најави и изградба на деловен објект на еден од радовишките инвеститори по завршувањето на изградбата на улицата.

Градоначалникот Ристов уште еднаш потенцира дека се започнува со градежна офанзива за  нова иднина на генерациите, најавуваќи наскоро и нови проекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

Еуромакс го поддржа проектот „Бесплатен логопед“ за децата во Радовиш

Media Press

Published

на

Здружението на граѓани „Невена за тебе, за мене, за нас“ од Радовиш со поддршката на Еуромакс Ресоурцес набави нагледни средства и дидактичко – поучителни материјали кои ќе помогнат за реализација на проектот „Бесплатен логопед за децата со пречки во развојот и децата од социјално ранливите категории“.

Претседателот на Здружението Гордана Здравкоска вели дека проектите од социјална кохезија со кои се опфаќаат најранливите категории на деца, за да опстанат пред се зависат од надворешни поддржувачи.

„Деновиве имаме причина за радост. Односно за непречено функционирање и реализирање на проектите од социјална кохезија како што е и проектот „ Бесплатен логопед за децата со пречки во развојот и децата од социјално ранливите категории“, добивме донација од приватната компанија  Еуромакс Ресоурцес во нагледни средства и дидактичко – поучителни материјали. Опремата значително ќе го подобри функционирањето на проектот„ Бесплатен логопед“, но и целокупното функционирање на  детското катче „Невена“, каде нашите членови секојдневно преку низа активности го поминуваат слободното време“, вели Гордана Здравкоска од здружението „Невена за тебе, за мене, за нас“..

Здружението постои веќе четири години, од кои две во услови на пандемија што дополнително го отежнува реализирањето на проектите.

„Поради пандемијата се соочивме со неочекувани потешкотиите со секојдневното функционирање, но сепак тимот на ‘Невена’ успева да ги реализира своите цели, бидејќи мисијата е јасна, подобар свет за сите деца. Посебно сме горди  на нашите проекти од  социјална кохезија ‘Бесплатен логопед’ и ‘Јога за деца и деца со пречки во развој’. Да работиш на проекти во кои се таргетирани деца од ранливите категории на семејства е благородна и возвишена мисија. Но за жал и исклучително тешко, затоа што секој ваков проект не може да биде самостојно финансиски одржлив доколку не биде поддржан од компании во кои општествената  одговорност е  високо изразена“, вели Здравковска и истакнува дека сакаат во иднина да ја продлабочат соработката со Еуромакс со цел и нивната мисија „За свет со еднаквост за сите за насмевка на секое детско лице“, де продолжи да радува уште многу деца.

Од Здружението изразуваат голема благодарност до компанијата бидејќи менаџментот на компанијата позитивно одговори на апликацијата која ја поднесоа по повикот на Еуромакс за поддршка на локални проекти пред неколку месеци.

Еуромакс Ресоурцес, инвеститорот на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“, во изминатите месеци реализира поголема кампања под мотото „Со акција и дела за подобар живот СЕГА и ВЕДНАШ“ со цел преку локални проекти и соработка со невладиниот сектор се поддржи и населението во Југоистокот и да се намалат последиците од здравствено – економската криза предизвикана од Ковид пандемијата.

Еуромакс ресоурцес,  во изминатиот период поддржа повеќе проекти, меѓу кои и поддршка за женското претприемништво, земјоделците, сточарите и малите бизниси во општините Босилово и Ново Село, како и за првиот етно – ресторан со едукативен пристап за деца со аутизам и спонзорство за обнова на каналите за наводнување во соработка со АД Водостопанство – Подружница Струмичко поле – Струмица.

Прочитај повеќе