Македонија
585 прекршоци за неносење лична заштита на лицето
Published
4 години agoна
By
Media PressМинистерот Наќе Чулев на социјалната мрежа Фејсбук објави дека Министерството за внатрешни работи во континутитет презема мерки за контрола на почитување на одлуките на владата поврзани со справување со пандемијата од Ковид 19.
Во изминатите 24 часа констатирани се 585 прекршоци за за неносење лична заштита на лицето и досега вкупно се регистрирани 4694 лица кои ја прекршиле оваа мерка
Во однос на решенијата за изолација и самоизолација, во текот на изминатите 24 часа на територијата на целата држава, 52 лица потпишале решение за самоизолација а на вкупно 186 лица им се издадени решенија на изолација.
При извршување на контроли кај лица изолација и самоизолација од страна на полициските службеници не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки, а во државен карантин спроведени се 52 лица.
Поврзани содржини
Во акциска контрола на СВР Струмица констатирани 18 прекршоци за пешаци во сообраќајот
Вчера попладне казнети 73 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената
Во период од два часа во контроли над возачите на мотоцикли, биле констатирани 19 прекршоци
27 лица во Југоистокот санкционирани за неносење заштитна маска
Откриени 45 прекршоци во акциска контрола над пешаци, на СВР Струмица
Засилени акциски контроли во Југоистокот, регистрирани се 29 прекршоци
Избори 2024
Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници
Published
7 часа agoна
април 19, 2024By
Media PressВчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.
„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.
Избори 2024
Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите
Published
8 часа agoна
април 19, 2024By
Media Press„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .
Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.
Избори 2024
Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот
Published
9 часа agoна
април 19, 2024By
Media Press„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.
„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо – победуваме!
Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ!
Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.