Connect with us

Свет

Туристи почнаа да пристигаат во Црна Гора, ќе се смета ослободена од вирусот

Александар | Media Press

Published

on

Црна Гора повеќе од три недели нема пријавено ниту еден нов случај на заболување од вирусот Ковид-19. Црногорската влада се надева дека овој тренд без нови случаи ќе и даде поттик на клучната туристичка индустрија во земјата.

Со тоа ги исполнува критериумите утврдени од Светската здравствена организација за да биде прогласена за ослободена од вирусот. Ќе се смета за победа врз пандемијата ако поминат точно 28 дена откако последниот случај е индентификуван, односно Црна Гора последниот случај го пријави на 5 мај.

„Туристи од европските држави започнаа да пристугнуваат во Црна Гора по полноќ, кога стапи на сила воведената дозволата за влез во земјата без временски карантин за земјите во кои стапката на активни случаи со инфекција од вирусот Ковид-19 е помала од 25 на 100.000 жители“, соопштија од владата на Црна Гора.

Свет

Шведската Влада не препорачува децата да се вакцинираат против Ковид-19

Виолета | Media Press

Published

on

Шведските експерти сметаат дека децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа  шведската Влада нема да препорача вакцинирање за коронавирусот на децата под 18-годишна возраст.

Шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се од ранливите групи и на постарите лица, пренесе Си-Ен-Ен.

Главниот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел, објасни дека Шведска работи според принципот на доброволна вакцинација, а тоа било случај и за време на минатите пандемии, кога биле вакцинирани голем број луѓе.

Continue Reading

Свет

Видео од кое секој може да извлече поука

Виолета | Media Press

Published

on

Голема гледаност и безброј коментари предизвика водеото во кое се гледа како девојче со гума е прилично одалечено од брегот, однесено од морските бранови и како се обидува крајбрежната стража да му помогне. Поука за младите родители кога се на одмир да не ги оставаат децата сами во вода, бидејќи природата знае да биде и немилосрдна. За среќа девојчето беше спасено навреме.

Continue Reading

Свет

Трамп најави дека е одобрена терапија со крвна плазма во третманите на заразените со корона вирусот

Виолета | Media Press

Published

on

Федералната агенција за лекови (ФДА) итно ја одобрила употребата на крвна плазма на излекувани пациенти со Ковид-19 во третманите со заразените со корона вирусот, соопшти Американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ова е навистина историски ден. Станува збор за моќна терапија која овозможува трансфузија на многу силни антитела од крвта на оздравени пациенти за да им помогнат на пациентите кои се борат со инфекцијата. Резултатите покажуваат дека овој третман е исклучително успешен – порача Трамп и ги повика луѓето кои се излекувале од Ковид-19 да даруваат крвна плазма.

Во САД веќе починаа повеќе од 176.000 луѓе, а заразени се речиси 5,7 милиони лица со корона вирус – повеќе од било која друга земја во светот.

Continue Reading