Connect with us

Македонија

Според Заев, датумот за изборите е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули

Виолета | Media Press

Published

on

Датумот за изборите е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме функционална влада. Нема нови аргументи за нови економски мерки, а со тоа ни оправдување за нова вонредна состојба. Затоа изборите ќе бидат 22 дена по завршување на вонредната состојба, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференција.

„Ризично е веќе и по здравјето и слободата на граѓаните, не може Владата да носи сега закони претпладне, а попладне да ги извршува истите закони“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ вели дека вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски случаи, но се шири. Тој кажа дека сите нови случаи се од периодот кога имаше полициски час, што, според него, и тоа не е решение.

„Секој има време да се подготви за избори. Сите денешни бројки се од времето кога имаше полициски час, така што и тоа не е решение. Во сите овие денови имаше само пет хоспитализирани во Градската болница и двајца на Инфективната клиника. Ова ќе трае и на 5 август, и 5 октомври, и 5 јануари, не можеме Владата да ја оставиме вака заради нечии скриени калкулации“, рече Заев.

На прашањето дали деновиве има формална или неформална комуникација со Мицкоски и дали евентуално би имало нова лидерска средба, Заев потврди дека имало канал на комуникација и дека тој постоел се до прогласувањето на четвртата вонредна состојба.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, изјави дека изборите во овој период се вистинска лудост.

„Денес Македонија го живее црниот понеделник, што значи огромна бројка на новозаразени луѓе со ковид-19, и луѓе кои ги загубија своите животи. Во ваква една тешка ситуација преставува лудост да се зборува за избори, и колку и Заев да вели дека имаме нормалност, имаме фатална ненормалност во општеството“, изјави Мисајловски.

прикажи повеќе
Advertisement

Земјоделие

Започна распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта по програма 2020 година

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на Струмичкиот регион од каде што информираа за започнувањето на распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта.

Преку подрачните единици на МЗШВ,  ќе се поделат новите картички во сите региони во државата.

Оние кои веќе имаат картички од лани, по автоматизам ќе им бидат надополнети и  ќе  можат да почнат со користење на картичките, односно да точат „еуродизел  за земјоделска механизација“.

“Преку оваа мерка, во овој момент опфаќаме околу 51 илјада земјоделци. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 224 милиони денари. Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со оваа мерка којашто за прв пат ја воведе Владата од минатата година, се придонесува за намалуваме на производствените трошоци, со тоа земјоделското производство е одржливо, а кај земјоделците остануваат повеќе пари“- изјави министерот Димковски.

Право на користење на оваа поддршка имаат сите кои биле корисници на субвенции по Програма  2019- та година. Финансиската поддршка на платежната картичка зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2019 година.

“Со оваа мерка во овој момент опфатени се близу 51 илјада  земјоделци. Во струмичко зелена нафта ќе користат  5 илјади земјоделци. 

 Земјоделците кои имаат картички од лани, ќе можат да точат „еуро дизел гориво“  веќе од понеделник по 10 часот. Исто така и земјоделците кои прв пат годинава стекаа  право за добивање на картичка за  зелена нафта, веќе од понеделник ќе може да одат во Подрачните единици на МЗШВ и да  ги подигнат зелените картички. Во овој период земјоделците имаат најмногу трошоци за гориво затоа што сме во екот на берба, на жетва“- изјави директорот Бабовски

Безготовинската зелена картичка е персонализирана и е наменета за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на државата. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи. Картичката може да се користи повеќекратно се до исцрпување на средствата. По првото точење на гориво, земјоделците добиваат сметка на која може да видат уште колку средства имаат на располагање на картичката, стои во известувањето од МЗШВ.

Continue Reading

Здравје

Рекордни 205 заболени од Ковид -19 и 6 лица починати

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Continue Reading

Избори 2020

Трипуновски: Жетвата на пченицата е веќе почната, цена за пченицата сеуште не е дефинирана

Виолета | Media Press

Published

on

Жетвата на пченицата е веќе почната а од она што го добивам како информација од земјоделците цена за пченицата сеуште не е дефинирана истакна Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при  денешната посета на стумичкиот регион.

Тој упати апел до Владата како што рече „во заминување“ да седне на заедничка маса и со откупувачите и со земјоделците за да се дефинира цената на пченицата како една од стратешките култури во Македонија.

Continue Reading
Advertisement