Connect with us

Здравје

Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче за актуелната состојба со коронавирусот

Виолета | Media Press

Published

on

Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче за актуелната состојба со коронавирусот. Денешниот биланс е 89 нови случаи на Ковид -19 и 7 починати лица.

Здравје

РЕЧИСИ 12 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ШИРУМ СВЕТОТ СЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Виолета | Media Press

Published

on

Во моментов има 4.507.880 активно заразени луѓе во светот, а 7.467.039 луѓе се опоравиле од инфекција со КОВИД-19.

Коронавирусот се појави за прв пат во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година, а Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија КОВИД-19 во март годинава.

Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата КОВИД-19, а според најновите податоци, 547.120 лица починале како резултат на инфекција со коронавирус во светот.

Бројот на заразени во САД премина 3 милиони, а ја следат Бразил со 1,6 случаи на заразени луѓе,  и Индија и Русија со  повеќе од 700.000 регистрирани случаи во секоја.

Кина бележи вкупно 87.573 регистрирани случаи на корона вирусот, од кои 78.548 се опоравиле

Луѓето со КОВИД-19 пријавиле широк спектар на симптоми – почнувајќи од благи симптоми до тешка болест. Овие симптоми може да се појават 2-14 дена по изложеноста на вирусот:


-Треска
-Кашлица
-Скратен здив или отежнато дишење
-Студ
-Мускулна болка
-Главоболка
-Воспалено грло

-Висока температура  

-Губење на вкус или мирис

Период на инкубација на ковид-19
Периодот на инкубација (време од изложеност на развој на симптоми) на вирусот се проценува дека е помеѓу 2 и 14 дена врз основа на следниве извори:

-Светската здравствена организација (СЗО) пријави период на инкубација за КОВИД-19 помеѓу 2 и 10 дена.

-Националната здравствена комисија на Кина (NHC) првично процени период на инкубација од 10 до 14 дена

Continue Reading

Здравје

Дали коронавирусот може да се пренесе преку воздух, како што тврдат 239 научници

Виолета | Media Press

Published

on

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк Тајмс“.

Како што објави весникот група од 239 научници од 39 земји, оваа недела ќе објават отворено писмо до Светската здравствена организација во научно списание, така што агенцијата на ООН може да ги ревидира препораките за тоа како да се избегне корона инфекција со вирусот.

Научниците тврдат дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, што значи дека честичките од тој вирус можат да лебдат во воздухот во затворен простор и дека луѓето можат да се заразат кога ќе ги вдишат.

Позицијата на СЗО е дека вирусот се шири првенствено од личност до личност преку мали капки од носот или устата, кои се исфрлаат кога некое лице со ковид-19 кашла, кива или зборува.

„Њујорк Тајмс“ наведува дека неодамнешното зголемување на бројот на жртви на коронавирус, по повторното отворање на компании и канцеларии, „сè повеќе го потврдува она што многу научници го велат со месеци: Вирусот останува во воздухот во затворено, заразувајќи ги оние што се во близина“.

Continue Reading

Здравје

Филипче: Кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче, на прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја, за состојбата во болниците, подготвеноста на капацитетите за следниот период, се осврна на анализите од Институтот за јавно здравје за изминатите недели, како и на состојбата во регионот.

„Во изминатите десет дена кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот, во соседните земји. Светската здравствена организација извести дека 60% од случаите од 10 милиони инфицирани со КОВИД-19 ширум светот се регистрирани во месец јуни. Ова потврдува дека насекаде има нов бран, кај нас дојде нешто порано и мислам дека многу рано го детектиравме. Сега се јавува во сите земји од нашето опкружување и тоа е директна последица на попуштањето на рестриктивните мерки и на непочитувањето на мерките за лична заштита“, потенцираше министерот Филипче.

Состојбата во светот, исто така потврдува дека првичните предвидувања на светските здравствени авторитети дека вирусот во текот на летото ќе исчезне – практично не се остварија.

„Во последните денови, светската статистика говори дека има пикови на новозаразени и починати и тоа е уште една потврда дека вирусот е тука. Ќе остане очигледно подолго време, а ние мора да бидеме подготвени. Мора да го подготвуваме здравствениот систем, да ги почитуваме мерките за лична заштита, да се навикнеме на новата реалност, што значи продолжување на сите нормални активности, но со почитување на мерките за лична заштита. Исто така мора да прифатиме дека оваа реалност можеби ќе трае и подолго од тоа што првично сите земји во светот го очекуваа“, изјави министерот Филипче.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје од 20 до 28 јуни споредено со претходната недела, во нашата земја регистрирани се 303 помалку нови случаи со КОВИД-19, со помалку смртни случаи, 216 повеќе оздравени пациенти. Изминатата недела има вкупно околу 860 случаи, што е значајно помалку од 1.000 случаи во просек претходните три недели, што значи и минатата недела инциденцата е нешто пониска. Р0 Факторот на преносливост во изминатите десет дена, два до три дена е само над единица – 1,1, целиот останат период е околу 0.9.

Continue Reading