Connect with us

Здравје

Корона вирусот не стивнува, потврдени се 52 нови случаи на КОВИД-19

Avatar

Published

на

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за состојбата со коронавирусот во државата.
„Во последните 24 часа направени се 661 тестирање. Потврдени се 52 нови случаи на позитивни пациенти на КОВИД-19 вирусот. Во Скопје – 26, Куманово – 6, Штип – 7, Тетово – 9 , Струга – 2,  по 1 пациент во Велес и во Кочани. Имаме 4 починати пациенти – двајца на Клиниката за инфективни болести и двајца во ГОБ „8-ми Септември“. На возраст од 73, 82, 76 и 55 години“, рече министерот Филипче.


Излекувани се 30 пациенти. Во Скопје – 16, Тетово – 10, Велес – 1, Охрид – 2 и во Кратово – 1 излекуван пациент.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 2.129, оздравени 1.516, починати 126, и во моментот бројот на активни случаи изнесува 487.
Досега во земјава се направени 27.684 тестови, за скрининг 3.015, 5 се позитивни од скринингот – 4 од градинки и 1 од геронтолошка установа.


„ Процентот на заразени од тестирани во изминатите 14 дена, онака како што се прави статистиката за секои две недели наназад, изнесува 5,5% и тука се калкулираат и тестовите направени од скринингот, од моментот кога почнаа да се прават. Капацитетот во болниците е пополнет 11%, и со тоа здравствениот капацитет, здравствениот систем е во добра кондиција“, изјави министерот Филипче и додаде дека бројот на оздравени здравствени работници е висок – над 92%. Инциденцата во последните 14 дена е 10,3%, 3 пати помала во однос на пикот во април месец, но продолжуваме постојано да ја пратиме. Има градови во кои биле регистрирани случаи, а сега повеќе нема: Дебар, Кавадарци, Гевгелија, Крива Паланка, Радовиш, Крушево, Кратово, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево, Берово, Валандово, Делчево, и во 7 града има до 5 активни случаи: Кочани, Струмица, Виница, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Неготино“ изјави Филипче на денешната прес конференција. 


„Зголемениот број на случаи доаѓаат најчесто од познати кластери, меѓутоа  има и некои нови околу тие кластери, во неколку општини. Е сега, некои работи коишто овие ден-два загрижуваат. Информациите кои што ги добивме од терен од колегите, од здравствените работници  за непочитувањето на мерките беа индикатор, аларм, да направиме контроли во текот на вчерашниот ден во однос на степенот на почитување на мерките и генерално за спроведување на сите процеси во врска со епидемиолошките препораки. Се направи надзор во Тетово во локалниот центар за јавно здравје и во Штип каде што се анализираа сите случаи“, потенцираше министерот Филипче.


Тој истакна дека од увидот во Тетово е констатирано дека не се почитува самоизолацијата, дека има генерално непочитување на сите изречени мерки – носењето на маските како и дистанцата, како во Тетово така и во околните места кајшто има новодијагностицирани случаи.


Од увидот во Штип, непочитување на правилото за транспорт посебно на вработените во конфекциите каде што има новодијагностицирани пациенти, една конфекција, еден погон е затворен по налог на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, меѓутоа во транспортот во автобусите се возат вработени од сите конфекции, се собираат од сите околни места во Штип. Не се почитува правилото за процент на пополнетост на автобусот, ниту пак носењето на маски. Во една конфекција има 17 заболени и уште 70 контакти коишто се во изолација.


„Уште еден проблем со којшто се соочуваат колегите епидемиолози – одбивањето на соработка од страна на пациентите, потешкотии во спроведувањето на епидемиолошките анкети, одбивањето да дадат точни податоци, даваат лажни адреси, тешко може да се достават решенијата за самоизолација. Од последната анализа имаме концентрација поголема во 4 скопски општини: во Сарај, Чаир, Гази Баба, Бутел и Аеродром и како што кажав огромен процент на новозаболените се како резултат на непочитување на мерките за самоизолација и за лична заштита. Овие новодијагностицирани пациенти се практично заразени и во период кога имаше строги рестриктивни мерки во однос на движењето и беа во важење истите овие мерки коишто се сега во однос на превенцијата. Загрижува уште повеќе што има информации за граѓани кои и со решение за самоизолација се шетаат надвор. Затоа барам апсолутно поголема ажурност од страна на Министерството за внатрешни работи – поголема контрола и санкции на тие коишто овие мерки не ги почитуваат. Ние продолжуваме активно да ја следиме состојбата“, изјави министерот Филипче.


Тој порача дека повторно ќе се воведат рестрикции, таргетирани, локализирани на некои места, согласно  бројот на новодијагностицирани или поинакви, ако  епидемиолошката состојба тоа го наложи. „Мерките се јасни, воопшто не се тешки да се спроведат. Занемарувањето на присуството на вирусот нема да ни помогне. Само го одлага решавањето на овој многу сериозен  проблем. Треба да се носи маска, често да се мијат рацете, да се прави дезинфекција и да се прави физичката дистанца“, додава Филипче.

Здравје

Како да ја ублажите кашлицата? РЕЦЕПТ

Avatar

Published

на

Кромидот е многу хранлива и здрава храна, а она што го прави толку лековито е содржината на витамините А, Б1, Б2, Ц и фитонциди, кои прават моќна комбинација кога е во прашање одбраната на вашето тело.

Витаминот А помага во одржувањето на правилното функционирање на имунолошкиот систем и заедно со витаминот Б2, обезбедува правилно функционирање на мукозната мембрана и респираторниот тракт. Витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот одговор на телото, го скратува времетраењето на настинките и го промовира растот и ефикасноста на имуните клетки, а исто така промовира зголемување на количината на интерферон, кој има антивирусно дејство. Фитоцидите се карактеризираат со силни антибактериски својства, го спречуваат развојот и ширењето на вирусите во телото и успешно се борат дури и со туберкулозата.

Сирупот од кромид е многу лесен за подготовка, евтин е, здрав и може да се даде и на возрасни и на деца. Се препорачува при кашлица, намалување на слузта (количество на акумулирана слуз во органите за дишење), намалување на телесната температура и други воспалителни процеси, особено на горниот и долниот респираторен тракт. Кромидот ја забрзува циркулацијата, што го поттикнува потењето и исфрлањето на токсините и вирусите од телото.

Рецепт за сируп од кромид:

1 поголем кромид
2-3 лажици шеќер или кромид исечкајте ги на помали коцки и додадете шеќер или мед.

Оставете покриено неколку часа. По 3-4 часа, процедете 4-5 ml сируп. Најдобро е секој ден да правите нов сируп, бидејќи хранливата вредност исчезнува по стоењето.

Во сирупот од кромид можете да додадете и едно чешне мелено лук, што дополнително ќе помогне во борбата против вирусите и бактериите.

Конзумирајте го сирупот три пати на ден по лажичка (5 ml).

Прочитај повеќе

Здравје

Како сами да си помогнете во случај на срцев удар!

Avatar

Published

на

ИНФАРКЦИЈАТА е една од најчестите причини за ненадејна смрт, а се почесто кај младите! Главната причина за тоа е што луѓето не обрнуваат внимание на предупредувачките сигнали кои телото им ги испраќа, мислејќи дека тоа не е ништо сериозно.

Повеќето луѓе се беспомошни кога имаат срцев удар. Личноста чие срце чука неправилно и престанува да работи има само 10 секунди пред да ја изгуби свеста.

Сепак, лесно можете да си помогнете со силно и континуирано кашлање. Длабоко вдишувајте секој пат пред да кашлате. Кашлицата мора да биде длабока и продолжена, како кога искашлувате флегма.

Мора да го повторувате дишењето и кашлањето на секои две секунди без да престанете додека не пристигне помошта или додека не почувствувате дека вашето срце повторно чука во редовен ритам.

Длабокото дишење внесува кислород во белите дробови, а движењата предизвикани од кашлањето вршат притисок врз срцето и ја одржуваат циркулацијата. Притисокот врз срцето помага да се врати нормалниот ритам. На овој начин инфарктните навреме можат да стигнат до болница и да го преживеат нападот, пренесува „Крстарица“.

Прочитај повеќе

Здравје

Три најдобри начини да ја спречите настинката пред да се случи

Avatar

Published

на

Не постои трик што може да ве оддалечи од настинката, но постојат чекори што можете да ги преземете за да го намалите ризикот.

„Настинките се вируси на горните дишни патишта кои се шират преку капките што се создаваат кога некој кашла или кива“, вели д-р Делана Вардлоу, лекар за семејна медицина во Temple Health во Филаделфија, пишува Huff Post.

– Луѓето можат да го добијат ако стапат во контакт со други болни или со допирање на загадени површини и ставање на рацете на лицето – рече Вардлоу.

Еве што можете да направите за да спречите појава на настинка:

Миј ги рацете

По пандемија, се подразбира дека миењето раце е важен начин да се заштитите од кој било вирус.

Вирусите се шират со контакт (од човек на човек или лице допирајќи … предмети кои можат да ја носат инфекцијата на нивните површини), како и капки кои се пренесуваат со кивање, кашлање или друг близок контакт. Ова го прави миењето на рацете важен чекор во спречување на инфекција. Правилното миење на рацете се состои од миење на рацете со сапун и вода 20 секунди.

Дезинфицирајте ги површините кои се чувствителни на допир

Областите како што се кваките на вратите, мобилните телефони и прекинувачите за светла може да се контаминираат со капки од вирусот на настинка доколку ги допре некој што е болен. Може да биде корисно и деконтаминацијата на површините со голем допир во заедничките области.

Спијте доволно и практикувајте други паметни навики

– Сакаме да ги поттикнеме луѓето да практикуваат здрави навики… да се погрижиме да имаме соодветен сон, да се погрижиме да имаме соодветна исхрана, да се погрижиме да ги третираме нашите хронични медицински состојби – објасни Вардлоу.

Кога сте генерално поздрави, ризикот од настинка е намален. Дополнително, основната грижа за себе, како што се спиењето, вежбањето и исхраната може да ви помогне да го одржите вашиот имунолошки систем на најдобар можен начин.

Прочитај повеќе