Connect with us

Здравје

Корона вирусот не стивнува, потврдени се 52 нови случаи на КОВИД-19

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за состојбата со коронавирусот во државата.
„Во последните 24 часа направени се 661 тестирање. Потврдени се 52 нови случаи на позитивни пациенти на КОВИД-19 вирусот. Во Скопје – 26, Куманово – 6, Штип – 7, Тетово – 9 , Струга – 2,  по 1 пациент во Велес и во Кочани. Имаме 4 починати пациенти – двајца на Клиниката за инфективни болести и двајца во ГОБ „8-ми Септември“. На возраст од 73, 82, 76 и 55 години“, рече министерот Филипче.


Излекувани се 30 пациенти. Во Скопје – 16, Тетово – 10, Велес – 1, Охрид – 2 и во Кратово – 1 излекуван пациент.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 2.129, оздравени 1.516, починати 126, и во моментот бројот на активни случаи изнесува 487.
Досега во земјава се направени 27.684 тестови, за скрининг 3.015, 5 се позитивни од скринингот – 4 од градинки и 1 од геронтолошка установа.


„ Процентот на заразени од тестирани во изминатите 14 дена, онака како што се прави статистиката за секои две недели наназад, изнесува 5,5% и тука се калкулираат и тестовите направени од скринингот, од моментот кога почнаа да се прават. Капацитетот во болниците е пополнет 11%, и со тоа здравствениот капацитет, здравствениот систем е во добра кондиција“, изјави министерот Филипче и додаде дека бројот на оздравени здравствени работници е висок – над 92%. Инциденцата во последните 14 дена е 10,3%, 3 пати помала во однос на пикот во април месец, но продолжуваме постојано да ја пратиме. Има градови во кои биле регистрирани случаи, а сега повеќе нема: Дебар, Кавадарци, Гевгелија, Крива Паланка, Радовиш, Крушево, Кратово, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево, Берово, Валандово, Делчево, и во 7 града има до 5 активни случаи: Кочани, Струмица, Виница, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Неготино“ изјави Филипче на денешната прес конференција. 


„Зголемениот број на случаи доаѓаат најчесто од познати кластери, меѓутоа  има и некои нови околу тие кластери, во неколку општини. Е сега, некои работи коишто овие ден-два загрижуваат. Информациите кои што ги добивме од терен од колегите, од здравствените работници  за непочитувањето на мерките беа индикатор, аларм, да направиме контроли во текот на вчерашниот ден во однос на степенот на почитување на мерките и генерално за спроведување на сите процеси во врска со епидемиолошките препораки. Се направи надзор во Тетово во локалниот центар за јавно здравје и во Штип каде што се анализираа сите случаи“, потенцираше министерот Филипче.


Тој истакна дека од увидот во Тетово е констатирано дека не се почитува самоизолацијата, дека има генерално непочитување на сите изречени мерки – носењето на маските како и дистанцата, како во Тетово така и во околните места кајшто има новодијагностицирани случаи.


Од увидот во Штип, непочитување на правилото за транспорт посебно на вработените во конфекциите каде што има новодијагностицирани пациенти, една конфекција, еден погон е затворен по налог на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, меѓутоа во транспортот во автобусите се возат вработени од сите конфекции, се собираат од сите околни места во Штип. Не се почитува правилото за процент на пополнетост на автобусот, ниту пак носењето на маски. Во една конфекција има 17 заболени и уште 70 контакти коишто се во изолација.


„Уште еден проблем со којшто се соочуваат колегите епидемиолози – одбивањето на соработка од страна на пациентите, потешкотии во спроведувањето на епидемиолошките анкети, одбивањето да дадат точни податоци, даваат лажни адреси, тешко може да се достават решенијата за самоизолација. Од последната анализа имаме концентрација поголема во 4 скопски општини: во Сарај, Чаир, Гази Баба, Бутел и Аеродром и како што кажав огромен процент на новозаболените се како резултат на непочитување на мерките за самоизолација и за лична заштита. Овие новодијагностицирани пациенти се практично заразени и во период кога имаше строги рестриктивни мерки во однос на движењето и беа во важење истите овие мерки коишто се сега во однос на превенцијата. Загрижува уште повеќе што има информации за граѓани кои и со решение за самоизолација се шетаат надвор. Затоа барам апсолутно поголема ажурност од страна на Министерството за внатрешни работи – поголема контрола и санкции на тие коишто овие мерки не ги почитуваат. Ние продолжуваме активно да ја следиме состојбата“, изјави министерот Филипче.


Тој порача дека повторно ќе се воведат рестрикции, таргетирани, локализирани на некои места, согласно  бројот на новодијагностицирани или поинакви, ако  епидемиолошката состојба тоа го наложи. „Мерките се јасни, воопшто не се тешки да се спроведат. Занемарувањето на присуството на вирусот нема да ни помогне. Само го одлага решавањето на овој многу сериозен  проблем. Треба да се носи маска, често да се мијат рацете, да се прави дезинфекција и да се прави физичката дистанца“, додава Филипче.

прикажи повеќе
Advertisement

Здравје

Рекордни 205 заболени од Ковид -19 и 6 лица починати

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Continue Reading

Здравје

Бројот на нови случаи со Ковид -19 продолжува да расте

Виолета | Media Press

Published

on


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1470 естирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-83, Тетово-26 Куманово, Охрид и Гостивар по 8, Штип и Кичево по 6, Струга-5, Свети Николе-4, Прилеп-3, , Дебар, Пробиштип и Битола-2, Крива Паланка, Крушево, Кочани, Македонски Брод и Ресен по1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од: Скопје-48, Тетово-18, во Велес, Гостивар, Кочани иРесен по1.


Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586.

Направените 1470 теста а досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.


Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Continue Reading

Здравје

163 нови случаи на Ковид-19, 8 починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

 Во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-3, Ресен-5. Осум лица починаа по компликации од коронавирус, и тоа шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиника за токсикологија е почината пациентка на 79 години, кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се четворица пациенти на возраст 58, 61,62 и 66 години. Во ОБ Тетово почина пациент на 53 години. Во „Филип Втори“ („Жан Митрев“) е починат пациент од Дебар на 52 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 57 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 1 дете позитивно и 1 суспектно на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 97 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 106 пациенти .

Оздравени се 230 лица од: Скопје-126, Куманово-31, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-45, Велес-7, Кавадарци-1, Гостивар-1, Кочани-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-2.

Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 7.406, оздравени се 3.554, починати се 359, а активни се 3.493.

Направените 1794 теста се преку: ИЈЗ-1002, Авицена-102, Биотек-155, МАНУ -123, Жан Митрев (Филип Втори) -209, Судска медицина – 14, Систина со ПЦР метода -148, ЦЈЗ Битола-41. Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Continue Reading
Advertisement