Connect with us

Спорт

ФК „Академија Пандев“ се тестираа за Ковид-19 и започнаа со подготовките за сезоната

Александар | Media Press

Published

on

Фудбалерите на Академија Пандев од денес започнуваат со тренинг во групи предводени од Александар Таневски и неговиот стучен штаб. Подготовките за повторниот почеток на сезоната во ПМФЛ започнаа веднаш по тестирањето за Ковид-19.

Тестирањата се вршеа во просториите на фудбалскиот клуб, а воедно и три дена пред првиот натпревар ќе се извршат и нови тестирања  преку Центарот за јавно здравје.

Денес од страна на медицинските лица на Acibadem Sistina Hospital беа тестирани фудбалерите, стручниот штаб и…

Posted by ФК Академија Пандев on Thursday, 28 May 2020

ФК „Академија Пандев“ првенството после одиграни 23 кола го прекина на седмата позиција со вкупно 28 бодови. На листата со резултати бројат седум победи, седум нерешени резултати и девет порази. 

Комисијата за натпреварување при Фудбалската Федерација на Македонија донесе одлука да се доигра третиот круг натпревари по што првите шест екипи ќе одиграат Плеј ОФФ за титула и излез во Европа, а последните 4 екипи ќе играат Плеј АУТ без испаѓање.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Радовишанецот Александар и годинава шампион на Македонија во бодибилдинг

Виолета | Media Press

Published

on

Радовишанецот Aлександар Јерамазов и годинава го потврди минатогодишниот успех и повторно се здоби со златен медал на натпреварот во бодибилгинг “Атлета на Македонија 2020”, во категоријата „Физик Јуниори“ до 23 год.

Дваесет и едно годишниот радовишанец веќе има освоено три златни медали. Еден во 2018та во категоријата Физик јуниори до 23 год., и два златни медали изминатата 2019 год., во категориите “Физик Јуниори” и “Физик Мажи” со висина над 178цм.

“Сакам за сите да бидам пример дека со желба, труд и дисциплина можете да стигнете каде сакате во животот“ – изјави Александар за  Mediapress.mk

„Ова година успеав да го повторам минатогодишниот успех како шампион во “Физик Јуниори” а ме чекаат и нови такмичања во блиска иднина и сум спремен да направам се што треба да бидам најдобрата верзија од себе, од пеколните режими на исхрана до бруталните тренинзи. А за тоа допрва ќе зборувам” – додаде Александар.

Aлександар Јерамазов е радовишанец кој активно се занимава со овој спорт од својата 16-та година. Три години по ред излегува на бина и веќе има освоено четири златни медали. Инаку “Атлета на Македонија 2020” се одржа на на 23ти Август во Градски Парк ( “кај Школка” ).

Continue Reading

Спорт

Плачковица ќе биде домакин на Тиквеш во првото коло од Втората лига – Исток

Александар | Media Press

Published

on

Денеска се одржа ждрепката за расопоредот за сезоната 2020/2021 сезоната во Втората лига – исток.

Во првото коло „Плачковица“ ќе биде домакин на „Тиквеш“, „Росоман“ ќе го угости „Слога Виница“. Дуелот помеѓу „Саса“ и „Брегалница“ ќе се одигра на градскиот стадион во Македонска Каменица. „Кит Го“ ќе им биде гостин на „Победа“ и „Кожув“ ќе игра на свој терен со „Осогово“.

ПлачковицаТиквеш
РосоманСлога Виница
СасаБрегалница
ПобедаКит Го
КожувОсогово

Continue Reading

Спорт

Извлечени групите за Прва Лига – Мажи и редните броеви за Супер Лига – Жени

Александар | Media Press

Published

on

Во просториите на Ракометната Федерација на Македонија се одржа извлекувањето на групите за Прва Лига – Мажи и извлекувањето на редните броеви за одредување на редоследот на натпреварите во Супер Женска Лига за натпреварувачка сезона 2020/2021.

Во оваа сезона на женската ракометна Супер-лига ќе се натпреваруваат 13 тимови.

Стартот на женскиот шампионат е закажан за 19 односно 20 септември каде што во првото коло силите ќе ги одмерат: Стружанка – Вардар, Гевгелија – Деспина, Спартак – Куманово, Пелистер 2012 – Металург, Чаир – Кузман Вардар и Овче Поле – Шампион.

КАЛЕНДАР ЗА ГРУПА А


КАЛЕНДАР ЗА ГРУПА Б

Група Супер Лига – Жени:

Continue Reading