Connect with us

Технологија

Apple и Google започнаа со известувања за опасност од изложеност на Ковид-19

Александар | Media Press

Published

on

Минатиот месец, технолошките гиганти Apple и Google ја објавија соработката на технологија која ќе овозможи следење на контактите и известување доколку некој е регистриран како позитивен со коронавирус. Неделава таа технологијата официјално ќе започне да функционира.

Како и многу други слични апликации кои преку Bluetooth ги следи контактите на лица на растојание од 2 метри и ги алармира корисниците доколку некој е позитивен на Ковид-19. Податоците се чуваат локално и единствена идентификација на секој корисник е ID-кодот.

„Креираната платформа не е вид на апликација – тоа е API кои што јавните здравствени агенции ќе го вклучат во сопствените апликации кои луѓето ќе ги инсталираат. Платформата е технологија која ќе помогне на таквите апликациии да функционираат побрзо и подобро. Личен избор е на корисникот дали ќе се приклучи на апликацијата. Системот не собира податоци и не користи локација од уредот.

За разлика од централизираниот модел каде што сите податоци стојат на исто место во овој случај телефонот на лицето кое е позитивно го испраќа својот ID до централизираната база на податоци, а потоа системот ја испраќа базата до крајните корисници односно нивните телефони, ако контактот на позитивно лице постои на телефонот како регистриран во негова близина, тој корисник добива известување дека некој од неговите „контакти“ е дијагностициран со коронавирус.

Засега 22 држави на пет континенти имаат пристап до API-то. Apple и Google не откриваат кои се државите кои ја тестираат апликацијата.

Она што е најважно е дека апликацијата сама по себе нема воопшто да помогне. Потребно е што поголем број граѓани да ги прифатат овие апликации и да се користат во што е можно поголем број.

Од Google и Applе известуваат дека технологијата е привремена и како што државите ќе излегуваат од епидемија, така ќе се исклучуваат овие функционалности.

Свет

Пронајден најчистиот воздух во светот од научници од Универзитетот на Колорадо

Александар | Media Press

Published

on

Научници од Универзитетот на Колорадо, веруваат дека го го имаат пронајдено најчистиот воздух на земјината топка, недопрен од човекот, без честички произведени од човечка активност. Целата област се наоѓа над Јужниот Океан околу Антарктикот.

Во првиот научен труд за составот на тој океан, научниците откриле атмосферска област што потврдуваат дека не е допрена од човекот.

Времето и климата се тесно поврзани едно со друго и заедно го поврзуваат секој дел од просторот на земјата. Променливоста на климата е резултат на човековите активности, па научниците и истражувачите веќе одредено време се трудат да пронајдат дел на Земјата каде што не е допрено од луѓето.

Тие со истражувањата открија дека граничниот слој на воздухот на таа област нема никакви аеросоли со честички што се произведуваат од луѓето. Нема честички од фосилно гориво, култури, пестициди или отпадни води.

Загадувањето на воздухот обично се јавува кога аеросолите, цврстите честички и гасот завршуваат во воздухот.

Истражувањето заклучува дека Антарктикот се чини дека е изолиран од ширењето на микроорганизмите од јужните земји.

Continue Reading

Технологија

(ВИДЕО)Прво лансирање на ракета со екипаж од американско тло, Crew Dragon ракетата на SpaceX се приспои кон Меѓународната вселенска станица

Александар | Media Press

Published

on

По откажаното лансирање во средата поради лоши временски услови, вселенската капсула Crew Dragon на SpaceX во соработка со NASA вчера успешно беше лансирана Falcon 9 ракетата во орбитата на Земјата, носејќи ги двајцата американски астроаути до Меѓународната вселенска станица (ИСС) по 19-часовен лет.

Ракетата со новата капсула „Crew Dragon“ синоќа беше лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, со што SpaceX стана прва приватна компанија во историјата која испратила луѓе во вселената.

Ова лансирање на американски астронаути во вселената со американска ракета од американско тло е прво после девет години откако во 2011-та година целата флота шатлови беа приземјени по несреќата на шатлот Колумбија и со тоа NASA ја откажа оваа програма и остана без летало кое може да носи астронаути во вселената. Од таа година САД како земја своите астронаути ги испраќа на МВС преку Сојуз ракетите од Русија.

Ова лансирање на ракета со американси екипаж беше од голема важност како за SpaceX, така и за NASA и генерално САД. За SpaceX ова е официјално првото лансирање на ракета и капсула со луѓе во неа, по подолг период на успешни лансирање на товар за МВС.


Continue Reading

Технологија

Креирата првата интерактивна мапа за следење на 5G мрежите од компанијата Ookla

Александар | Media Press

Published

on

Ookla, најпозната по Ookla speed test што ја тестира брзината на интернетот, креираше интерактивна мапа се со цел да се следи развојот на застапеноста на 5G мрежата во светот. Мапата ги покажува местата каде се поставуваат базните станици за 5G мрежата и дополнително на тоа содржи и некои статистички податоци што може да бидат интересни.

Мапата на Ookla ги покажува 5G мрежите во град или областа, мрежниот провајдер и какви сервиси се достапни на секоја мрежа. Мапата ќе биде ажурирана еднаш неделно и ќе бидат објавувани на официјалниот Твитер на компанијата.

Засега од компанијата велат дека на интерактивната мапа се регистрирани 303 мрежи поставени на 293 локации.

Во светот досега има околу 8700 5G мрежни инсталации, Има можност за филтрирање на податоците на картата со исклучување на оние што се „ограничено достапни“ или „во фазата на пред пуштање“ односно експериментална фаза.

На мапата се наоѓа и Македонија, но засега има една единствена инсталација од типот на 5G мрежата и истата е во „фаза на пред пуштање“ односно во експериментална фаза и се наоѓа во Скопје, во сопственост на „Македонски телеком“.

Мапата може да ја погледнете на следниот линк.

Continue Reading