Македонија
Полицијата привела 17 лица во последната ноќ од полицискиот час
Published
4 години agoна
By
Media PressЗа време на последниот полицискиот час во земјава евидентирани се 20 лица кои не ја почитувале забраната за движење, а 17 лица се приведени. Останатите се земени податоци и ќе бидат преземени соодветни мерки.
248 лица се регистрирани како прекршители на мерките за не носење лична заштита на лице односно маска.
За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 76 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.
Пет лица се евидентирани поради непочитување на мерката на изолација и самоизолација од страна на полициските службеници кои ги извршувале контролите.
Поврзани содржини
Периодот на изолација за лицата позитивни на КОВИД-19, или кои имале блиски контакти со позитивни лица се намалува на 7 дена
Комисијата за заразни болести препорачува укинување на полицискиот час од среда, 16 јуни
Продолжува полицискиот час во истиот период од 24:00 до 04:00 часот наутро
Од утре полициски час од 24:00 часот до 04:00 часот наутро наредниот ден, започнуваат со работа и теретаните
Поддржан предлогот на Комисијата за заразни болести за полициски час од полноќ, дозволени се настани и други промени
Олабавување на мерките. Полицискиот час од 5 до 15 мај ќе започнува во 23:00 и ќе завршува во 05:00 часот
Избори 2024
Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници
Published
15 часа agoна
април 19, 2024By
Media PressВчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.
„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.
Избори 2024
Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите
Published
17 часа agoна
април 19, 2024By
Media Press„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .
Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.
Избори 2024
Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот
Published
17 часа agoна
април 19, 2024By
Media Press„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.
„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо – победуваме!
Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ!
Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.