Како што изјави вчера премиерот Оливер Спасовски, до крајот на неделата ќе се направи проценка, дали е потребно прогласување нова, трета вонредна состојба. Ако се увиди дека има потреба, вонредна состојба повторно ќе се воведе. Ако е потребно тоа, ако се неопходни условите дека преку вонредна состојба полесно се справуваме со целата оваа ситуација
„Датумот на
изборите е детерминиран со Уредбата со законска сила, која има важење до
завршувањето на вонредната состојба. Во оној момент кога ќе заврши вонредната
состојба за 22 дена треба да се одржат избори во Република Северна Македонија.
Тоа е фактичка состојба.
Затоа треба да се реализираат изборите во првиот можен рок.
Мораме да бидеме принципиелни, а изборите да бидат во оној момент кога ќе има
најмногу створени услови.
Една од одговорностите на оваа Влада е да направи сѐ, колку
што е можно побргу, да им ја обезбедиме новата нормалност на граѓаните. Сите
што се спротивставуваат на новата нормалност придонесуваат земјата да ни остане
во здравствено-економска криза, а тоа не е одговорно однесување„ рече Спасовски на вчерашната прес конференција.
Инаку политичките партии
имаат разчични ставови во однос на датумот за одржување на изборите. Од СДСМ
велат дека изборите треба да се одржат на крајот на јуни или почетокот на јули,
додека од ВМРО ДПМНЕ како најдобра опција го предлагаат терминот, крајот на
август и почетокот на септември.
Од СДСМ и вчера порачаа дека се потребни избори за да се
обезбедат целосно функционални институции, но истовремено да се заштити
здравјето на граѓаните, поради очекувањата за нов бран со вирусот КОВИД-19.
Опозициската
ВМРО-ДПМНЕ, пак, го повтори обвинувањето дека СДСМ сака избори по секоја цена,
укажувајќи дека Државната изборна комисија доставила мислења каде јасно пишува
оти им се потребни 35 до 60 дена за спроведување на изборите.