Connect with us

Радовиш

Прес конференција на ОО на СДСМ од Радовиш: Награда од 20% од основната плата за вработените во здравството

Виолета | Media Press

Published

on

„Вработените во здравството  кои се во првите борбени редови во битката со Ковид 19, ќе добијат награда од 20% од основната плата, за два месеци. Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работа со пациенти заболени од Корона вирус. Никој нема да биде изоставен сите се земени во предвид.  

Владата на СДСМ за период од 2 години, даде повеќе од 5000 согласности за вработување во јавно здравствените установи и даде повеќе од илјада согласности за специјализации и субспецијализации“, рече меѓу другото Директорката на ЈЗУ Здравствен дом од Радови Лимонка Илиевска на денешната прес конференција.

прикажи повеќе
Advertisement

Избори 2020

Мила Царовска ја претстави програмата од социјалната област, на трибина во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

За повисоки плати и пензии. За повеќе градинки и подобри услови за најмладите. За повисок животен стандард и еднакви можности за сите, зборуваше пред радовишани на Вицепремиерката Мила Царовска. Таа ги спомна и стечајците кои со години ја барале правдата на улица.

„12 илјади стечајци добиваат по 8 000 денари кои ќе ги добиваат до пензионеирање“, рече Царовска.

Continue Reading

Радовиш

Отворен летниот спортски камп во природа „Плачковица 2020“ во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Од денеска  летниот спортски камп „Плачковица 2020“ во Радовиш ја прими првата група  ученици, кои ќе  поминат едно поинакво и незаборавно искуство на планина.

 Организатори  на кампот се професорите по физичко образование Дарко Коцев и Наде Ристов. Според она што го дознаваме од организаторите во првата група има 44 деца, од 06 до 15 годишна возраст.

Во кампот се ангажирани и волонтери од Црвен Крст  од Радовиш, како и алпинистот Зоран Мајсторски како познавач на планинарење.

Во програмата има предвидено палење  логоров оган,  спортски игри, адреналински парк, забава со песни и игри,  друштвени игри и други активности со кои ќе им бидат исполнети овие три дена на децата во кампот.

Истиот е организиран поради ситуацијата  со корона вирусот и неможноста да се замине на класичен одмор, па да им се понуди на младите еден друг вид на одмор на планина за кој организаторите се надеват дека ќе премине во традиција.

Кампот е сместен во склоп на планинарскиот дом Џумаја и ќе тре по три дена, петок, сабота и недела, три викенда по ред, а по потреба може да се органзира уште еден викенд. За учество во кампот се плаќа по 3000 денари со кои им е обезбедено превоз, шаторско сместување и храна за учесниците која се подготвува во планинарскиот дом Џумаја.

„Децата ги очекува незаборавно планинарско искуство“ велат органзиаторите кои ни ветија дека по викендот ќе ни го раскажат нивното прво искуство во летниот спортски камп во природа Плачковица 2020, како и искуството на децата.

Continue Reading

Радовиш

14 лица од Радовиш не ја почитувале мерката за лична заштита

Александар | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 444 прекршоци.

На ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 27 лицa, од кои 14 на подрачјето на Радовиш, седум во Гевгелија, пет во Валандово и еден во Струмица не ја почитувале мерката и ќе следуваат соодветни мерки.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.  

Continue Reading
Advertisement