Connect with us

Спорт

Првата Македонска Фудбалска Лига продолжува со натпревари од 14 Јуни без испаѓање

Александар | Media Press

Published

on

Комисијата за натпреварите во Фудбалската федерација на Македонија денес на состанок донесе предлог одлуки за продолжување на натпреварувачката сезона 2019/2020 од Прва МФЛ која беше прекината поради епидемијата COVID-19.

Во „Ќуката на фудбалот“ заедно со претставници на клубовите од Прва Македоинска Фудбалска Лига воедно земајќија во предвид ситуацијата во државата со вирусот и по препорака и на Институтот за јавно здравје, го потврдија здравствениот протокол за враќање на фудбалските екипи од ПМФЛ на тренинзите и натпреварите со целосна одговорност, враќањето на теренитe да биде максимално сигурно за сите учесници.

„-  Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј-оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања.“ – стои во соопштението од ФФМ

Комисијата за натпреварување во ФФМ ќе предложи продолжување на првенството во термин од 14. до 21. јуни, а за предложените датуми ќе се информираат и во координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19.

Сите натпревари ќе се играат без присуство на гледачи на стадионите, а ќе биде ограничен и бројот на присутни лица кои ќе бидат дел од организацијата на натпреварите.

Фудбалерите, стручните штабови и сите други лица вклучени во тимовите, како и официјалните лица на натпреварите се обврзани да го почитуваат здравствениот протокол за одигрување на натпревари.

Екипите од Втора МФЛ нема да го продолжат натпреварувањето од сезоната 2019/2020, а Комисијата за натпреварување препорачува истото да го следат и тимовите од Трета МФЛ, како и останатите пониски лиги.  

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

ППК Радовиш ја заврши сезоната на петто место на табелата, во тек е регистрацијата на тимовите за идната сезона

Александар | Media Press

Published

on

Поради вонредната состојба предизвикана од Ковид-19 вирусот на вонредното Собрание на клубовите на ППФСМ е донесена одлука доколу не се создадат услови за продолжување на првенството и негово завршување до 5 Јули, првенството за натпреварувачката 2019/20 сезона да се прекине. Нашиот тим „ППК Радовиш“ го заврши натпреварувањето на 5-то место.

Одлуката за наредната натпреварувачка сезона 2020/21 година е Супер Лигата да брои 10 клуба со што нашиот клуб и следната сезона ќе се натпреварува во најквалитетната лига во нашата земја т.е Супер Лигата.

Следната натпреварувачка сезона поради поголемиот број на екипи кои учествуваат допринесува за интересно првенство во борбата за што подобар пласман на прволигашката табела.

Обврски на клубовите пред почетокот на сезоната 2020/21

  • Клубовите од Супер и прва лига имаат обврска своето учество во лигите да го потврдат до 30 Јуни 2020 година.
  • Клубовите од Супер и прва лига во своите екипи мораат да имаат регистрирано играч помлад од 21 година, кој ќе треба да одигра 60% од натпреварите во првиот состав на екипата во текот на првенството.(поради техничка грешка во претходниот допис беше спомната само супер лига)
  • Преодниот рок е во периодот од 1 до 25 Август.
  • Сите клубови имаат обрска да достават ажурирани податоци за лице за контакт со федерацијата, Име и презиме, телефонски број и е-маил адреса, секој клуб можи да достави најмногу два контакти. Рокот за исполнување на оваа обврска е до 15 Август.
  • Сите клубови имаат обврска да достават податоци за големина на спортска опрема од сите свои членови, со уредно пополнет образец кој на клубовите им е испратен по е-маил Пополнувате само ИД број, сите големини се внесуваат со клик, паѓачка листа. Рокот за доставување на овие податоци е до 25 Август.

Continue Reading

Спорт

Вардар 1961 ќе се натпреварува во Лига на шампиони, Еурофарм Пелистер влезе во Европската лига

Александар | Media Press

Published

on

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја објави листата имињата на сите клубови кои ќе се натпреваруваат во сезоната 2020/2021 во Лигата на шампионите.

Екипата на Вардар 1961 ќе биде единствениот претставник на нашата држава во ова елитно натпреварување. Сонот на Еурофарм Пелистер за пласман во Лигата на Шампионите се сруши откако тие не добија специјална покана за натпреварувањата.

На листата на Европската Ракометна Федерација покрај нашиот единствен претставник Вардар се најдоа и Мешков Брест, Загреб, Алборг, Барселона, Нант, ПСЖ, Фленсбург, Киел, Пик Сегед, Веспрем, Елверум, Кјелце, Порто, Целје, Мотор Запорожје.

Први јули е датумот одреден за извлекувањето за групната фаза на Лигата на шампионите.

На натпреварите ќе настапуваат и шест претходни освојувачи на титулата Шампион. Барселона има освоено 8 титули, Киел има 3, Вардар 2 и Фленсбург, Целје и Киелце по една. Почетокот на сезоната е закажан за 16-17 Септември.

Continue Reading

Спорт

Релито „Дакар“ започнува на 3 Јануари и ќе се вози во Саудиска Арабија по втор пат

Александар | Media Press

Published

on

Релито „Дакар“ откако стана познато по возењата низ африканските пустини и Јужно Американските предели оваа година по втор пат по ред ќе се одржи во Саудиска Арабија.

Терминот за почеток на релитово Џеда на 3 јануари и ќе трае се до 15 јануари по извозени вкупно 12 етапи. Учесниците како рута ќе имаат да направат круг околу Саудиска Арабија, а на при возењето ќе уживаат во пустината како и возењето покрај Црвеното Море.

Оваа година релито ќе има само еден ден одмор, а организаторите со поставија мерки забавување на караванот, поради недоволното познавање на теренот. Дополнително, ќе бидат поставени и маркери за опасните области и „бавни зони“.

Од минатата година Шпанецот Карлос Саинз меѓу возачите на автомобили и Американецот Рики Брабец меѓу мотоциклистите ќе ги бранат титулите на теренот во Саудиска Арабија.

Continue Reading
Advertisement