Connect with us

Македонија

Јавна анкета на РТВ Кобра. Што мислат граѓаните во врска со датумот за одржување на избори во јуни

Media Press

Објавено на

58 отсто од граѓаните кои се вклучиија во јавната анкета на РТВ Кобра по однос на терминот за одржување на изборите, одговориле дека нема услови за одржување на избори во јуни.

Имено РТВ кобра по однос на  датумот за одржување на парламентарни зибори, за кој политичките партии  и по две лидерски средби не постигнаа согласност,  објави јавна анкета  со прашањето: Сметате ли дека има услови за одржување на избори во јуни?

Од вкупно анкетираните 58% одгворија со НЕ, 21% одговорија со ДА и 20% беа воздржани.

 Голем дел од испитаниците се изјаснија дека нема да излезат на избори поради случувањата со корона вирусот.

Двете најголеми македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ официјално не отстапуваат од своите позиции – првите дека краен рок за изборно соочување  е 28 јуни и вторите дека изборите треба да бидат во август или во септември.

Од тоа дали во меѓусебната комуникација партиите ќе се договорат за месецот и за датумот за избори ќе зависи и дали претседателот Пендаровски ќе свика нова лидерска средба. таква средба нема да биде потребна само за терминот за изборите.

Од СДСМ повторуваат дека ако до крајот на неделава нема договор за датум за избори, изборите ќе бидат на 21 јуни. Краен рок за одржување на изборите е 28 јуни, за како што велат оттаму, тие да бидат според Уставот и законите.

Од ВМРО ДПМНЕ и понатаму стојат на ставот дека здравјето на граѓаните е пред се и нема услови за избори во јуни, бидејќи нема да успеат да гласаат граѓаните на своите избирачки места а истовремено и да се заштитат. Според нив изборите треба да се одржат при крајот на август или во септември.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе