Connect with us

Здравје

Се одбележува Меѓународната недела за подигнување на свесноста за здравјето на тироидната жлезда

Виолета | Media Press

Published

on

Во периодот од 25 – 31 мај се одбележува 12. Меѓународна недела за подигнување на свесноста за здравјето на тироидната жлезда. Здравјето на тироидната жлезда е важно за целокупното функционирање на организмот, бидејќи тироидната жлезда произведува тироидни хормони кои го регулираат телесниот метаболизам – производството на енергија од нутритиентите и кислородот и се неопходни за круцијалните телесни функции, како што е правилното функционирање на срцето, мускулите и дигестивниот тракт, мозокот и скелетниот систем.

По тој повод, од Универзитетската клиника за ендокринологија потсетуваат дека навремената дијагностика е најважна за успешен третман на заболувањата на тироидната жлезда и доколку навреме се открие болеста и се почне со адекватна терапија, лицата со нарушена функција на тироидната жлезда може да водат нормален живот. Токму поради тоа е потребна редовна контрола на функцијата на тироидната жлезда, која може да се изведе со проверка на нивото на тироидни хормони во крвта. Третманот се состои од земање терапија со тироидни хормони, доколку пак, станува збор за тироидна жлезда која лачи повеќе тироидни хормони, терапијата е со антитироидни лекови, кои го спречуваат зголеменото лачење на тироидни хормони.

По повод одбележувањето на Меѓународната недела за подигнување на свесноста за заболувања на тироидната жлезда, која годинава е посветена на здравјето мајките и новороденчињата, Универзитетската клиника за ендокринологија упатува препораки за заштита на нивното здравје.

„Жените се многу поподложни на заболувања на тироидната жлезда – една од осум жени може да има проблем со функционирањето на тироидната жлезда во текот на животот. Ова е посебно важно да се земе во предвид во тек на бременоста, бидејќи за адекватен раст и развој на бебето, како во текот, така и по бременоста, неопходно е оптимално ниво на тироидни хормони, кои се одговорни за правилен раст и развој“, потенцираат од Клиниката. „За таа цел, во нашата земја, кај сите новороденчиња, задолжително се прави проверка за функционирањето на тироидната жлезда – TSH скрининг. Многу е важно жените кои имаат заболување на тироидната жлезда, штом ќе дознаат дека се бремени, веднаш да се јават на својот ендокринолог, со цел да се провери дали нивото на тироидни хормони во крвта е адекватно.

Инаку, нарушувањата на тироидната жлезда, како хипотироидизмот (недоволно лачење на тироидни хормони)  и хипертироидизмот (прекумерно лачење на тироидни хормони) може да предизвикаат проблеми со забременување и неплодност.

Се препорачува да се направи проверка на нивото на тироидни хормони во крвта доколку жената неуспешно се обидува да забремени повеќе од дванаесет месеци, доколку има нередовни менструални циклуси или претходни неуспешни бремености или доколку во своето семејство има лице со дијагностициран проблем со тироидната жлезда“, посочуваат од Универзитетската клиника за ендокринологија.

Оптималното ниво на тироидни хормони во тек на бременоста е есенцијално за здравјето, како на мајката, така и на бебето. Недостигот од тироидни хормони (хипотироидизам) во тек на бременоста може да доведе до несакани исходи од бременоста. Мајките со хипотироидизам многу почесто имаат покачен крвен притисок во тек на бременоста, кој може да води до прееклампсија, почесто е и предвремено породување, породување со царски рез и можноста за крварење по породувањето. Бебињата на мајките, кои имаат недоволно ниво на тироидни хормони, во тек на бременоста може да се родат со пониска родилна тежина, често се раѓаат пред термин, може да имаат неадекватен раст и невропсихолошки нарушувања.

Научните сознанија покажуваат дека некаква форма на нарушена тироидна функција се јавува кај 5% од светската популација, или дека околу 1,6 милијарди луѓе се во ризик да развијат нарушување на функцијата на тироидната жлезда. Дури 50% од луѓето кои имаат заболување на тироидната жлезда, може да бидат несвесни за симптомите во раните фази на заболувањето.

Постојат два главни типа на нарушена тироидна функција, односно нарушено создавање хормони на тироидната жлезда: хипотироидизам – состојба кога тироидната жлезда не произведува доволно тироидни хормони, што резултира со успорување на телесните функции и метаболни процеси. Симптоми на хипотироидизам може да бидат слабост, малаксаност, добивање телесна тежина, забавена работа на срцето, нетолеранција на студ, нарушен мисловен процес, депресија, констипација, болки во мускулите и зглобовите, сува и кршлива коса и нокти, нередовен менструален циклус или проблеми со забременувањето кај жените. Неретко кај оваа состојба може да се види зголемување на тироидната жлезда – гушавост и хипертироидизам – состојба кога тироидната жлезда произведува повеќе тироидни хормони од неопходното, што резултира со забрзување на телесните функции и метаболни процеси. Симптомите на хипертироидизам се резултат на еден забрзан метаболизам и вклучуваат: слабеење, забрзана работа на срцето, вознемиреност, нервоза, проблеми со сонот, забрзана работа на цревата, мускулна слабост следена со тремор, потење, нарушување на менструалниот циклус, при што тироидната жлезда често е зголемена.

прикажи повеќе
Advertisement

Здравје

Рекордни 205 заболени од Ковид -19 и 6 лица починати

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Continue Reading

Здравје

Бројот на нови случаи со Ковид -19 продолжува да расте

Виолета | Media Press

Published

on


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1470 естирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-83, Тетово-26 Куманово, Охрид и Гостивар по 8, Штип и Кичево по 6, Струга-5, Свети Николе-4, Прилеп-3, , Дебар, Пробиштип и Битола-2, Крива Паланка, Крушево, Кочани, Македонски Брод и Ресен по1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од: Скопје-48, Тетово-18, во Велес, Гостивар, Кочани иРесен по1.


Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586.

Направените 1470 теста а досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.


Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Continue Reading

Здравје

163 нови случаи на Ковид-19, 8 починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

 Во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-3, Ресен-5. Осум лица починаа по компликации од коронавирус, и тоа шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиника за токсикологија е почината пациентка на 79 години, кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се четворица пациенти на возраст 58, 61,62 и 66 години. Во ОБ Тетово почина пациент на 53 години. Во „Филип Втори“ („Жан Митрев“) е починат пациент од Дебар на 52 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 57 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 1 дете позитивно и 1 суспектно на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 97 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 106 пациенти .

Оздравени се 230 лица од: Скопје-126, Куманово-31, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-45, Велес-7, Кавадарци-1, Гостивар-1, Кочани-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-2.

Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 7.406, оздравени се 3.554, починати се 359, а активни се 3.493.

Направените 1794 теста се преку: ИЈЗ-1002, Авицена-102, Биотек-155, МАНУ -123, Жан Митрев (Филип Втори) -209, Судска медицина – 14, Систина со ПЦР метода -148, ЦЈЗ Битола-41. Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Continue Reading
Advertisement