Connect with us

Регион

Започна реставрацијата на манастирот во Вељуса со грант од САД

Александар | Media Press

Published

on

Грант од 100.000 долари од Амбасадорскиот фонд на Соединетите Американски Држави доби Заводот за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица во октомври минатата година за комплетна заштита на Манастирот „Св. Богородица Милостива (Елеуса)“ во Вељуса кој потекнува од 11 век и е единствената градба во земјава која ја презентира византиската сакрална архитектура.

Средствата од овој грант ќе се искористат за целосна конзервација на повеќеслојниот фреско-живопис во манастирот и фреско-конзерваторите ќе работат на откривање на постарите слоеви на фрескоживописот кои потекнуваат од 13 и 14 век. Комплетна заштита на црквата „Елеуса“ опфаќа и надворешната фасада, интервенции на кровот и конзервација на мозаикот.

Амбасадорскиот фонд за заштита на културно наследство е основан од Конгресот на САД во 2011. Тоа е единствена американска државна програма која обезбедува директна поддршка со грантови за проекти за заштита на културното наследство низ светот.

„Комплетната заштита на манастирот со овој грант треба да заврши до октомври 2021 , но со оглед на ситуацијата со пандемијата од коронавирусот и други административни процедури, сигурно проектот ќе се пролонгира за уште една година. Досега малку се работеше на фреско-конзервацијата, но работата беше стопирана бидејќи треба да се направи најпрвин надворешна фасада и интервенција на кровот за да не дојде во иднина до оштетување на фреските во внатрешноста ако се појави влага. Во тек е изработка на проект за санација на кровот и земање на примероци од фасадниот малтер за да се направи соодветна конзервација. Со завршувањето на вонредната состојба се започнува со активно работење на проектот“, изјави Јасмина Пијанманова, Претседател на управен одбор на Завод и музеј – Струмица

Радовиш

17 радовишани во изминатото деноноќие заработиле казна поради не носење заштитна маска, Владата размислува за зголемување на казните

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 50 лица не ја почитувале меркат, од кои 18 вo Гевгелија, 17 во Радовиш, 8 во Валандово и 7 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Continue Reading

Регион

Третото прскање против комарци кое беше одложено, конечно ќе се реализира

Виолета | Media Press

Published

on

Се известуваат граѓаните од општините Струмица, Василево и Радовиш дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 31.08.2020 година и 01.09.2020 година, со следниот распоред:

1. На 31.08.2020 година (понеделник), во период од 20.00 до 02.00 часот во општините Струмица и Василево;

2. На 01.09.2020 година (вторник), во период од 20.00 до 02.00 часот во општина Радовиш.

„Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период“ стои во известувањето од општините на чија територија ќе се спроведе прскањето.

Инаку граѓаните постојано се жалат дека има најезда на комарци ова лето и дека неможат да излезат во двор или на тераса, посебно во попладневните часови.

„Не помагаат никакви средства, спрејови, прашоци или било што друго против комарците кои ги има премногу“, коментираат граѓаните при меѓусебна средба.

Continue Reading

Регион

33-годишна радовишанка, физички нападната во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

Имено вчера 33 годишната радовишанка, случајот во кој наведува дека била физички нападната во центарот на Струмица, го пријавила во Полициската станица Струмица.

„На 20.08.2020 во Полициска станица Струмица К.Б.(33) од Радовиш  пријавила дека околу 13.00 часот во близина на трговски објект во Струмица била физички нападната од Е.И.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, стои во известувањето од СВР Струмица во кое повеќе информации околу случајот не се наведени.

Continue Reading