Connect with us

Здравје

„Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат“, реагира филипче на вчерашното празнување во верските храмови

Виолета | Media Press

Published

on

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки, реагира Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

„И покрај апелите на здравствените институции да нема масовни собирања, да се почитуваат мерките за држење дистанца и ограничувањето на движењето, тоа не се случи.
Го почитувам празнувањето и силно верувам дека тоа се значајни настани за сите нас, независно на која вера припаѓаме. Но, оваа година празниците во целиот свет се празнуваат на еден поинаков начин, ставјаќи го сопственото здравје и на нашите сограѓани пред се и над се.
Им благодарам на граѓаните кои се придржуваат кон мерките, а кои за жал, понатаму можат да бидат изложени на ризик поради оние коишто тоа не го прават.
Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат. Тој е тука и за жал, проблемот ќе се провлекува се додека има такви кои го ингнорираат. Многу пати повторив, но еве уште еднаш ќе кажам. Здравствените работници не можат сами. Мерките се добри и навремени, но тие функционираат само ако се почитуваат, во спротивно немаат ефект. Почитувањето на мерките и ефектите од нив зависат само од нас како граѓани. Едноставно мора да се прифати новиот начин на живот, мора нашето секојдневие да го прилагодиме почитувајќи ги препораките“, напиша Филипче на својот профил.

Инаку институтот за јавно здравје денеска регистирира 17 оздравени пацинети, но регистрирани се 21 нови случаи на Ковид 19.

Здравје

140 нови случаи на ковид-19, од кои 15 се од Гевгелија, Струмица и Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-10, Дебар-3, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-12, Струга-7, Велес-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-5, Македонски Брод-1, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 134 оздравени пациенит од: Скопје-66, Куманово-8, Штип-9, Прилеп-7, Тетово-8, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-2 Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Делчево-5, Свети Николе-5, Неготино-1.

Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (71г), од Тетово (73г), од Гостивар (63) и пациент од Скопје (64г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15694,  бројката на оздравени пациенти е 13128, на починати е 646, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1920.

Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6292, активни 566

• Куманово 1589, активни 215

• Дебар 268, активни 35

• Штип 1204, активни 76

• Прилеп 551, активни 133

• Тетово 1291, активни 120

• Струга 620, активни 60

• Велес 285, активни 16

• Битола 244, активни 47

• Охрид 389, активни 59

• Кавадарци 198, активни 27

• Гостивар 847, активни 97

• Гевгелија 82, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 101, активни 44

• Крива Паланка 80, активни 36

• Радовиш 52, активни 11

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 184, активни 50

• Пробиштип 94, активни 17

• Демир Хисар 60, активни 2

• Македонски Брод 84, активни 12

• Пехчево 42, активни 27

• Берово 72, активни 33

• Валандово 11, активни 3

• Виница 91, активни 31

• Делчево 124, активни 82 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 5

• Свети Николе 307, активни 21

• Кичево 290, активни 37

• Ресен 151, активни 4

• Неготино 49, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1507 теста се преку: ИЈЗ-394, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-257,  Биотек-179 , МАНУ -133, Жан Митрев (Филип Втори)-191, Систина со PCR метода -157, лабораторија Лаор –68, Судска медицина-22, ЦЈЗ Битола-26, Инфективна клиника-31, ГАК-23, лаборатории од странство-0. 

Досега во земјата се направени вкупно 164.639 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4  мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 145, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Continue Reading

Здравје

По четири дена повторно еден позитивен случај на Ковид-19 во Радовиш

Александар | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 9
-Дебар 1
-Прилеп 5
-Тетово 3
-Гостивар 1
-Гевгелија 12 (странски државјани)
-Струмица 1
-Радовиш 1
-Кочани 1
-Пробиштип 1
-Делчево 1
-Кратово 1

Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од:

-Скопје 171
-Куманово 15
-Штип 10
-Прилеп 15
-Тетово 2
-Велес 6
-Битола 2
-Кавадарци 4
-Гостивар 2
-Гевгелија 2
-Пробиштип 3
-Пехчево 3
-Берово 5
-Виница 1
-Свети Николе 8
-Кичево 1
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127, бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018.

Continue Reading

Здравје

92 нови случаи на Ковид – 19, починале 3 лица. Расте бројот на заболени и во Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на Kовид-19 во Скопје-17, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-3, Велес-2, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-5, Гевгелија-3, Струмица-2, Крива Паланка-1, Кочани-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-13, Свети Николе-4, Кичево-5 и еден во Неготино.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од Скопје-24, Куманово-31, Штип-8, Тетово-3, Гостивар-8, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2 и тројца од Делчево.

Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (41) и пациент од Дебар (63) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35) почината вон болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.090, бројката на оздравени пациенти е 12.235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.238. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:

• Скопје 6.114, активни 754
• Куманово 1.539, активни 262
• Дебар 260, активни 28
• Штип 1.182, активни 106
• Прилеп 520, активни 152
• Тетово 1.251, активни 124
• Струга 595, активни 65
• Велес 278, активни 26
• Битола 225, активни 42
• Охрид 360, активни 45
• Кавадарци 190, активни 51
• Гостивар 822, активни 136
• Гевгелија 61, активни 36 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 82, активни 30
• Крива Паланка 60, активни 20
• Радовиш 45, активни 6
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 160, активни 33
• Пробиштип 89, активни 17
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 77, активни 10
• Пехчево 38, активни 31
• Берово 68, активни 46
• Валандово 9, активни 2
• Виница 81, активни 28
• Делчево 102, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 22, активни 6
• Свети Николе 302, активни 46
• Кичево 286, активни 47
• Ресен 147, активни 0
• Неготино 48, активни 9 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87, а на кислородна поддршка се 53 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на Ковид-19, како и 4 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 21 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Continue Reading