Конче
Вицепремиерката Мила Царовска во посета на Сончева езерска населба Мантово во Општина Конче
Објавено на
Од
Media PressВо работна посета на Општина Конче денеска беа Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Мила Царовска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески кои заедно со градоначалникот на општина Конче Благој Илиев, извршија увид во реализацијата на прокетот за подобрување на пристапноста и атрактивноста на Сончева езерска населба мантово, кој се реалзира со подршка на Европската Унија.
Градоначалникот Илиев изрази посебна благодарност до Владата и до евроамбасадорот Самоил Жбогар, за подршката за реализација на овој проект.

„Како Влада сме насочени кон инвестиции кои што го потикнуваат локалниот економски развој и даваме можност да се развиват сите региони и општини кои што имаат значајна вредност во развојот на туризмот“, рече Виципремиерката Царовска.

„Со овој проект овозможуваме поголема пристапност до ова прекрасно место и овозможуваме развоја на домашниот туризам“ рече меѓу другото министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Според заменик министеротза локална самоуправа Дејан Павлески изминатите три години преку сите проекти од странски донатори – партнери, но и од буџетот на државата се инвестирани во локалниот и регионален развој повеќе од 100 милиони евра, пред се за развој на туризмот.

Проектот е во рамките на програмата за локална и регионална конкурентност, администриран од Светска Банка а го изведува Општина Конче. Со реализацијата на овој проект Сончева езерска населба Мантово ќе добие сосема нов атрактивен изглед со сите потребни услови за развоја на туризмот.

За одржување на ова атрактивнос туристичко место ќе се грижи ЈП Лакавица од Конче. Градоначалникот Илиев апелира до посетителите да ја чуват и да се грижат за урбаната опрема, бидејќи е од интерес за сите граѓани.
Поврзани содржини

Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации

Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против физичко и правно лице за фалсификување документи при продажба на дрва

„ТРОФЕЈ МАНТОВО“, во организација на риболовниот клуб „Крап“, организиран викендот со поддршка на Општина Радовиш

ДЗС: Отстранети неексплодирани артилериски гранати во Општина Конче
Конче
Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка
Published
1 недела agoна
ноември 9, 2026By
Media Press
На 07.11.2026 година во 13:48 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено лицето С.М. од село Габревци, општина Конче, кој додека бил на лов во атар на село Габревци бил повреден со сачма од ловна пушка.
На 07.11.2026 година С.М., заедно со Р.Р., И.Р., З.Р., М.Р., С.С. и С.Р., сите од село Гавревци биле во лов на диви свињи, на место викано „Трска“ атар на с. Габревци, при што И.Р. со еден патрон испукал кон дива свиња, а од истрелот една сачма го погодила С.М. во пределот на стапалото. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш бил извршен увид на местото. Од И.Р.(43) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Baikal M-155“ калибар 12 мм, ловна пушка „Ata Arms“ калибар 12 мм , дозвола за оружје, дневна дозвола за ловење и 6 патрони калибар 12 мм. Од С.С.(60) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Zastava М-80“ калибар 12мм и дозвола за оружје. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Конче
Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации
Published
1 месец agoна
октомври 15, 2026By
Media Press
Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации, на барање на граѓаните за одбор и рекреација.
„Деновиве започнавме со изградба на летниковци на две локации – едната во м.в. „Дабјата“, во атарот на село Лубница, а другата ќе биде лоцирана на раскрсницата во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“. Со изградбата на овие два летниковци се опфаќаат локации кои најмногу ги користат граѓаните, случајните минувачи и посетителите на Општина Конче“, истакна градоначалникот Златко Ристов.
Ристов вели дека овие летниковци се градат на барање на граѓаните, за да имаат каде да одморат во топлите летни денови. Општина Конче како што вели градоначалникот продолжува со создавање уредени и пријатни места за одмор и престој на своите граѓани и посетители.
Конче
Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција
Published
3 месеци agoна
август 17, 2026By
Media Press
На 15.08.2026 во 20:00 часот во село Горни Липовиќ, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(50) од село Горни Липовиќ.
Според пријавеното, тој околу 17:20 часот во атар на село Горни Липовиќ држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција, кои преземале службени дејствија. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По целосно документирање на случајот против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

