Бројот
на заболени од ковид -19 во земјава драстично скокна. Денеска се регистрирани 40 нови случаи.
Во
изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи
на ковид-19 и тоа во: Скопје-26, Куманово-1, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-1,
Битола-1.
Министерството
за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11
оздравени пациенти во: Скопје-2, Штип-1, Прилеп-4, Велес-2, Кочани-2.
На
Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина 56 годишен
пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.
Вкупната
бројка на ковид дијагностицирани во
државата од почетокот на епидемијата изнесува 1898, бројката на оздравени
пациенти е 1378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во
земјата изнесува 409.
Од
вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките
на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во
Скопје.
На
Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа
примени се 7 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На
кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти.
На респиратор се 3, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.
Во болницата
во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат
на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и
Прилеп се хоспитализирани 45 пациенти, позитивни и сомнителни на
ковид-19.