Здравје

Надлежните опоменуваат, Коронавирусот нема да исчезне, ќе биде присутен се додека не се стекне имунитет

На прес-конференцијата, министерот за здравство Венко Филипче информираше дека се анализира состојбата со епидемијата во земјата и овие изминати денови, нешто зголемениот број на новодијагностицирани случаи.

„Заедничка констатација на Комисијата за заразни болести е дека и покрај ова – епидемијата е под контрола. Бројот на активни случаи е стабилен, голем дел од потврдените се веќе од познати кластери, а дел од заразените се инфицирале при групирање на приватни собири. 91% од здравствените работници се оздравени и со тоа практично целокупниот дел на човечки капацитет на здравството е на располагање и е функционален. Не постои ниту едно одделение или институција каде е компромитирана работата заради недостаток на здравствени или нездравствени работници. Заклучокот на комисијата е дека голем број на новодијагностицирани случаи на дневна основа е резултат на олабавување на мерките и поголемото движење на граѓаните и тоа е впрочем случај и во соседните земји, но и во повеќе други земји во Европа и во светот. Тоа не е неочекувано, има зголемен број на новозаразени во Бугарија, Албанија има во Србија, во Босна и Херцеговина“, рече Филипче.


„Првата битка ја добивме, но борбата не е завршена. Успешно го амортизиравме првиот удар. Ја стабилизиравме состојбата во земјата со контролираниот број на нови случаи и во ниту еден случај не се преоптерети капацитетот на ниту една институција, болница. Сето тоа беше резултат на мерките кои ги донесовме во насока на заштита на здравјето на граѓаните. И отсега натаму со строго почитување на сите мерки и препораки може да ја задржиме епидемијата под контрола. Рестриктивните мерки се опуштаат секаде, со цел полека враќање на животот во нормала. Економијата заживува и како секаде во светот почнуваме да живееме понормално. Не можеме ништо да постигнеме ако мерките кои се на сила не се почитуваат, а зголемен број на случаи може да е лошо за економијата, работните места, и секако за здравјето“,  изјави министерот Филипче и додаде дека „вирусот е тука и никој од нас не е имун. Коронавирусот нема да исчезне, ќе биде присутен се додека не се стекне имунитет. Тоа значи дека сите ние мора да се навикнеме да ги почитуваме сите мерки за лична заштита и да живееме со вирусот. Мора да ги вршиме сите дневни обврски, грижејќи се за своето здравје, но и за здравјето на другите“. 

„Сите досегашни студии, но и искуства од други епидемии, податоците кои доаѓаат од Кина, покажуваат дека вирусот многу веројатно ќе има и втор бран. Ние за ова се подготвуваме согласно консултациите кои ги имаме со повеќе земји, и СЗО“, додава Филипче.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago