Политика

ВМРО-ДПМНЕ против целосен полициски час за време на празниците

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со предложената мерка за целосен полициски час за време на продолжениот викенд.

Во соопштението објавено на веб страната на партијата стои дека е нелогично да се најавува дека рестораните ќе работат од вторник, а да е задолжително седење дома за време на целиот продолжен викенд.

Тие сметаат дека мерката за целосен полициски час за празникот е престрога и на овој начин се нарушуваат човековите слободи и права.

„Воедно со ваквите мерки СДСМ свесно влегува во провоцирање на тензии и конфликти меѓу населението и ја изложува полицијата во непосакувана улога. На овој начин СДСМ директно ја злоупотребува здравствената криза согласно дневно политичките потреби и си игра со чувствата на граѓаните. “ – пишува во соопштението

Со оглед на тоа дека земјава е на врвот по штетните последици од корона вирусот потребно е суштинско делување.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago