Connect with us

Струмица

Струмичката епархија му забрани свештенодејство на отец Боро

Александар | Media Press

Published

on

Струмичката епархија донесе одлука за забрана за свештенодејство на отец Боро Милчев заради непочитување на редот и уредбите на парохиската дејност при уставот на МПЦ-ОА. Против него ќе биде покрената и дисциплинска одговорност пред Епархискиот црковен суд на Струмичката православна црква.

Без благослов отец Милчев продолжувал да врши различни свештенодејствија по домовите и деловните објекти во градот Струмица и пошироко и влегувал во парохии каде што не е назначен, а вршел и незаконски венчавки по приватни домови во првата недела од великиот пост.

Во соопштението се информираат верниците дека на свештеникот му е изречена забрана за свештенодејство „Се додека не се покае и не се врати во послушание на Црквата и не ја прифати одлуката со која е назначен на парохијата која ги опфаќа селата Дукатино и Радичево и каде што единствено има благослов да делува како свештеник“

Радовиш

Дали Југоистокот е ново жариште на корона вирус? Во Радовиш 8 нови случаи а во Струмица 15

Виолета | Media Press

Published

on

Осум пациенти починаа, а 144 се новозаразени од корона вирусот во Македонија, соопшти денеска Министерството за здравство.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-27, Куманово-11, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-13, Велес-4, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-8, Крушево-2, Кочани-13, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-3, Кичево-2, Ресен-2.

-Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г), се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-33, Штип-2, Прилеп-7, Тетово-2, Струга-1, Битола-4, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-4, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-5, Свети Николе-2, Кичево-3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16417,  бројката на оздравени пациенти е 13732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2002. 

Continue Reading

Струмица

Зголемениот број на забоелни од Ковид -19 во Струмица, повод за координативен состанок на надлежните институции

Виолета | Media Press

Published

on

Актуелната состојба со КОВИД-19 во Општина Струмица, беше тема на вчерашниот координативен состанок којшто го иницираше градоначалникот Коста Јаневски, а на кој присуствуваа Петре Витанов директор на Центарот за јавно здравје, д-р Мери Николова Гичева – епидемиолог, Наќе Гогов директор на Општата болница, Жанко Зимбаков заменик началник на СВР Струмица, Милан Русев раководител на Центарот за управување со кризи, Марјан Даутовски раководител на Дирекција за заштита и спасување и Александар Оџаков секретар на општина Струмица.

„На состанокот се разгледуваа мерките од Владата за спречување на ширењето на корона вирусот, базирани на Законот за заштита на население од заразни болести.
Заедничка беше констатацијата дека актуелната состојба е релативно загрижувачка, имајќи в предвид дека бројот на заболени расте. Факт е дека заболените не се само од повозрасната популација, туку таргет група на заразени се од 15 до 30 години.

Од состанокот е упатен апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките – задолжително носење маска и одржување физичка дистанца. Одговорното однесување на сите физички и правни лица е клучен фактор за стабилизирање на состојбата и заштита на здравјето“, велат од општината.

Continue Reading

Струмица

Актерката на кумановскиот театар Александра Пешевска ја доби наградата „Ристо Шишков“

Виолета | Media Press

Published

on

Актерката на кумановскиот театар Александра Пешевска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 28 издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кое заврши синоќа во Струмица. Таа наградата ја доби за улогата на Кејт во претставата Телефонот на мртовецот од Сара Рул, во продукција на театарот од Куманово во режија на Александар Ивановски.

Наградата се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фестивалот и парична награда во износ од 1.500 евра, а и ја врачи директорот на ФКТ „Ристо Шишков“,Ванчо Ристов Патриков.

Покрај Пешевска во потесниот избор за наградата влегле и актерите Танкица Стојанова, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, Сашо Ристовски, Сашка Димитровска, Атанас Атанасовски и Магдалена Ризова Черних.

Фестивалот годинава се одржуваше во вонредни услови и на отворено со ограничен број на публика. Поради пандемијата беа спроведени посебни протоколи, а учествуваа само осум татарски претстави од домашна продукција.

Фестивалот финансиски е помогнат од министерството за култура и општина Струмица.

Continue Reading