Македонија

Награда од 15.000 денари за сите вработени во МВР, најави Чулев

Награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за сите вработени во МВР, најавува техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Тој на својот Фејсбук профил објави дека денеска ја потпишал уредбата за награда и ќе ја достави и до Владата.

„Уредбата ги опфаќа сите полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи кои целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат се од себе во првите редови во справувањето со корона вирусот. Немам никаква дилема дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекувам Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба. Здравјето и животот на вработените се наш исклучителен приоритет и цврсто сме посветени на процесот на вреднување на нивниот придонес во остварување на целите на Министерството за внатрешни работи“, објави Чулев и приота изразува благодарност за вработените во Министерството за внатрешни работи кои даваат исклучително голем придонес во справување со пандемијата од КОВИД-19!

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago