Македонија
Адеми: 12 милиони евра поддршка од Владата преку платежни картички и ваучери за млади до 29 години
Објавено на
Од
Media Press
Новите мерки наменети за младите денес ги презентираше
министерот за образование и наука, Арбер Адеми, кој рече дека Министерството за
образование и наука како носител на задолжението за нивна имплементација,
заедно со неколку други институции веднаш пристапува кон креирање на оперативен
план со цел средствата што поскоро да стигнат до оние за кои се наменети.
Адеми информираше дека е предвидено доделување
на два типа на ваучери. Првиот во еднократен максимален износ до 6.000 денари
наменет за студенти и средношколци од семејства со ниски примања, а средствата
ќе се користат исклучиво за покривање на партиципација за студирање на
универзитетите и за сместување во ученички домови, студентски домови и во
регистрирани приватни сместувачки капацитети.
Вториот тип на ваучер во максимален износ до
30.000 денари е наменет за млади до 29 години, за кофинансирање на обуки,
тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини, кои, како што рече Адеми „и тоа
како се потребни и барани години наназад, а сега веќе нивното поседување е дури
и основен услов за пронаоѓање на работен ангажман во било кој сегмент и ќе им
овозможат брзо вработување во новата развојна економија“.
Третиот тип на поддршка е домашна платежна
картичка со расположлив износ од 3.000 денари, која ќе биде наменета за
студентите и ќе се користи исклучиво за купување на домашни производи и услуги
во одредени услужни дејности кои се најпогодени од кризата.
„Според проценките, влогот за овие три мерки
наменети за младите ќе биде 12 милиони евра, а ќе бидат опфатени околу 100.000
корисници, наши млади сограѓани“, потенцираше Адеми, додавајќи дека за тоа што
ќе биде подготвено како конкретно решение во следните денови, јавноста
навремено ќе биде запознаена од аспект како и на кој начин ќе се аплицира за
добивање и искористување на овие средства. Инаку, согласно усвоениот план од
страна на Владата предвидено е овие средства да бидат распределени најдоцна до
крајот на месец јули.
Поврзани содржини

Влада: Професионализмот во медиумите не е опција, туку обврска

Прочистувачи на воздух за 49 општини меѓу кои и Општина Радовиш, обезбедени од Владата

Потпишани договорите за „Реконструкција со пренамена на Стоковната куќа (втора фаза)и договор за „Реконструкција на културен дом „Ацо Караманов“ во Радовиш

Мицкоски: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија

Владата смета дека е потребен нов државен авион, СДСМ за најавата вели дека е скандалозна и забегана

Што се е предвидено во Предлог-одлуката за прераспределба на Буџетот во 2023 година

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

