Connect with us

Радовиш

Уште еден голем интернационален успех на младата пијанистка Јана Јованова од Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Во време на пандемија, кога сите културни настани во светот се откажани, Јана Јованова неуморно продолжува со своите меѓународни успеси.

 Таа деновиве учествуваше на 7миот меѓународен пијано натпревар УЉУС, во српска организација, кој заради актуелната ситуација за прв пат беше организиран Онлајн. Јана се натпреваруваше во категоријата 1, заедно со уште педесетина (47) останати натпреварувачи меѓу кои имаше учесници од сите балкански држави како и од Италија, Литванија, Грузија и Кина.

 Таа и овој пат освои ПРВА НАГРАДА и со тоа, уште еднаш го потврди својот огромен потенцијал. За жал, сите планирани патувања за учества на натпревари во следниот период мораше да бидат откажани, сепак Јана успешно се прилагодува и на ново настанатата ситуација и ова е нејзина прва награда здобиена на Онлајн натпревар.

Во следниот период ќе следуваат уште неколку учества на светски натпревари на ваков начин, за кои освен музичката подготовка за успех ќе биде е потребно и изработка на што поквалитетно аудио и видео, што ќе претставува дополнителен предизвик.

„Најмногу сакам да имам вистински настапи пред публика од која на крај ќе слушнам аплауз и се надевам дека многу наскоро ќе можам повторно да патувам и да настапувам на секаде низ светот“ вели таа.

Јана Јованова иако има само 10 години, до сега се има здобиено со 30 тина државни и меѓународни натпревари меѓу кои во Милано, Венеција, Берлин, Париз, Виена…

Таа е добитник и на Шестоноемвриско признание и плакета за особени достигнувања. Ова е само уште еден доказ дека ниту пандемијата со корона вирусот не ја спречи младата амбициозна Јана повторно да го покаже својот талент. Таа храбро чекори по својот пат и веќе претставува музички амбасадор на Радовиш и на Македонија. Нејзиниот талент го негува со многу труд и работа.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

17 радовишани во изминатото деноноќие заработиле казна поради не носење заштитна маска, Владата размислува за зголемување на казните

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 50 лица не ја почитувале меркат, од кои 18 вo Гевгелија, 17 во Радовиш, 8 во Валандово и 7 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Continue Reading

Радовиш

Во Радовиш, промоција на проектот „Ослободи го умот од корупција“, по повод Светскиот ден за борба против корупцијата

Виолета | Media Press

Published

on

Во центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш денеска беше извршена промоција на проектот „Ослободи го умот од корупција“  или како што е наречен  „Развој“, по повод Светскиот ден за борба против корупцијата, 9 декември. Проектот е подржан од ЕЛС општина Радовиш во соработка со Министерството за локална самоуправа и Здружението „Театар-Боеми“ и истиот започна со реализација на интерактивната претстава „Хепи Хипо Шоу“ – како прва предвидена активност.

„Проектот е составен од интерактивна театарска претстава, докумантарен филм, истражување, научна студија и социјална мрежа за долгорочно суштинско надминување на корупцијата во нашата земја“, рече раководителот на проектот д-р Нелко Нелковски.

„Се надевам дека со реалзиацијата на овој проект, сите заедно ќе дадеме значаен придонес како за нашата општина така и за државата“, рече директорката на Центарот за Култура Ацо Караманов, Изабела Ангелова.

Здружението на граѓани Театар „Боеми“ ќе спроведе дванаесетмесечен проект за едукација на претставници на релевантни институции во земјата и избрани младински претставници за градење на правично и демократско општество без корупција.Во иднина ке следува формирање на локален Совет, анализирање на Програмите за развој на општината и уште многу предвидени развојни активности во проектот.

На крајот од промоцијата, пред Центарот за култура „Ацо Караманов“ беше засадено дрво – јавор, кое значи дрво на животот и кое симболично ќе биде дрво на развојот на општината.

Continue Reading

Радовиш

Ињево доби две нови улици, со што значително се промени урбаниот изглед на селото

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Радовиш продолжува со реализација на инфраструктурни проекти како градот така и во наслените места. Деновиве беа асфалтирани и целосно завршени двете нови улици во Ињево, а за овие три години во с.Ињево се направија три нови улици. Селото доби нов изглед со вложување во уличната инфраструктра, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Со изградбата на овие улици значително се подобрија условите на жителите од ова населено место и целосно им е олеснета пристапноста до своите домови. Како што информираат од општината во овој период во тек е изградбата на улици и во други населени места како и во градот Радовиш.

Continue Reading