Connect with us

Свет

Жители на Чиле протестираат против недостиг од храна за време на епидемијата од Ковид -19

Виолета | Media Press

Published

on

Жителите на сиромашното предградие на чилеанската престолнина Сантијаго, Ел Боске, се судрија во понеделникот со полицијата протестирајќи против недостигот од прехранбени продукти во време на карантинот поради епидемијата со коронавирусот.

Демонстрантите извикувале пароли против владата, за којашто сметаат дека ги оставила на цедило. Предупредуваат дека луѓето од сиромашните квартови во овој момент имаат потреба од помош, особено во храна.

Демонстрантите фрлале камења врз полицијата, којашто одговорила со солзавец и водени топови, и привела неколкумина од нив, информираат  чилеанските медиуми.

Владата на претседателот Себастијан Пињера во петокот прогласи карантин за жителите на главниот град, во кој се концетрирани 80 отсто од заразените со коронавирусот во Чиле. Меѓутоа, во земјата веќе со месеци претходно беа забавени економските активности, како во трговијата, градежништвото и различните услужни сектори.

прикажи повеќе
Advertisement

Свет

Продолжува обновувањето опожарената катедрала Нотр Дам (Notre Dame) во Париз

Александар | Media Press

Published

on

Продолжува обновувањето на Notre Dame Катедралата во Париз, која беше уништена во пожар во април минатата година.

 Пожарот не само што нанесе големи штети, тој со себе предизвика излив на емоции и донации од целиот свет. Кога покривот од XIII век  на Париската катедрала се запали, за два дена беа собрани околу 900 милиони евра за обнова на катедралата.

Францускиот претседател Емануел Макрон објави одлука дека катералата ќе биде повторно изградена во модерен стил. Oд BBC News известуваат дека истата ќе биде обновена според оригиналниот готски дизајн.

Г-дин Макрон исто така изјави дека реконструкцијата ќе заврши во 2024 година кога Париз ќе биде домаќин на Олимпијадата.

Голем број архитекти ширум светот даваа предлози за новиот изглед на катедралата, вклучувајќи еден дизајн со базен на покривот, а друг со огромен парк и стаклена градина на покривот.

Continue Reading

Свет

Вучиќ ги обвини „странските служби“ за вчерашните протести

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им се обрати на медиумите по вчерашните насилни протести во Белград, а се осврна и на реакциите од соседите.

Вучиќ, протестите ги окарактеризира како брутално политичко насилство, кои не се во врска со незадоволството на граѓаните со можните мерки за спречување на корона вирусот.

Посочи дека полицијата се однесувала достоинствено, а одговорила на протестот кога биле нападнати државните институции.

Претседателот на Србија обвини странски тајни служби за „десничарските и профашистичките демонстранти“, а  го бранеше однесувањето на полицијата.

Како што најави Вучиќ, сигурно е дека мерките за спречување на ширење на корона вирусот ке бидат заострени, но полициски час нема да има.

Continue Reading

Здравје

РЕЧИСИ 12 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ШИРУМ СВЕТОТ СЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Виолета | Media Press

Published

on

Во моментов има 4.507.880 активно заразени луѓе во светот, а 7.467.039 луѓе се опоравиле од инфекција со КОВИД-19.

Коронавирусот се појави за прв пат во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година, а Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија КОВИД-19 во март годинава.

Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата КОВИД-19, а според најновите податоци, 547.120 лица починале како резултат на инфекција со коронавирус во светот.

Бројот на заразени во САД премина 3 милиони, а ја следат Бразил со 1,6 случаи на заразени луѓе,  и Индија и Русија со  повеќе од 700.000 регистрирани случаи во секоја.

Кина бележи вкупно 87.573 регистрирани случаи на корона вирусот, од кои 78.548 се опоравиле

Луѓето со КОВИД-19 пријавиле широк спектар на симптоми – почнувајќи од благи симптоми до тешка болест. Овие симптоми може да се појават 2-14 дена по изложеноста на вирусот:


-Треска
-Кашлица
-Скратен здив или отежнато дишење
-Студ
-Мускулна болка
-Главоболка
-Воспалено грло

-Висока температура  

-Губење на вкус или мирис

Период на инкубација на ковид-19
Периодот на инкубација (време од изложеност на развој на симптоми) на вирусот се проценува дека е помеѓу 2 и 14 дена врз основа на следниве извори:

-Светската здравствена организација (СЗО) пријави период на инкубација за КОВИД-19 помеѓу 2 и 10 дена.

-Националната здравствена комисија на Кина (NHC) првично процени период на инкубација од 10 до 14 дена

Continue Reading
Advertisement