Connect with us

Радовиш

Во ТППЕ во Радовиш 20-ти мај Денот на македонските пожарникари се одбележа работно

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска се одбележува 20-ти мај Денот на македонските пожарникари. Во ТППЕ во Радовиш овој ден се одбележа работно,  без посебни активности. Командирот  Васил Митев, вели дека во моментот пожарникарите се добро опремени со опрема за лична заштита но проблем и се возилата.  

Најстарото против пожарно возило во пожарната во Радовиш датира од 1974 година и како што вели командирот Митев тоа им е и највредното возило поради големиот капацитет на вода. Тој упати апел до граѓените да не палат оган на отворени површини, за да не дојде до пожари.

Пожарната  во Радовиш располага со 22 пожарникари кои успешно се справуват со пожарите на териториите на општините Радовиш и Конче.

 Почетоците на противпожарната професија во Македонија датираат од далечната 1836 година со формирањето на првата противпожарна единица во Битола.

Во земјава постојат 30 територијални противпожарни единици, кои ја покриваат територијата на сите 80 општини, а 14 од овие единици се републички противпожарни сили, односно дејствуваат на целата територија за гаснење на големи пожари.

 Според податоците на Дирекцијата за заштита и спасување државата располага само со половина од потребниот број на професионални пожарникари во територијалните противпожарни единици.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

14 лица од Радовиш не ја почитувале мерката за лична заштита

Александар | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 444 прекршоци.

На ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 27 лицa, од кои 14 на подрачјето на Радовиш, седум во Гевгелија, пет во Валандово и еден во Струмица не ја почитувале мерката и ќе следуваат соодветни мерки.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.  

Continue Reading

Радовиш

Избрани најталентираните ученици корисници на стипендијата Солвеј, преку рудникот Бучим

Виолета | Media Press

Published

on

Победниците кои што беа дел од програмата за стипендирање на талентирани ученици на компнаијата Солвеј, преку рудникот Бучим од Радовиш во 2020 се, Тамара Велкова од Радовиш и Драган Петров од Конче.

На Мила Ангелова од Радовиш, како признание за нејзините импресивни достигнувања и е доделен интензивен курс по англиски јазик.

Годинава, 17 апликанти беа примени во првата фаза од Северна Македонија, од кои  11 го продолжија и успешно го завршија курсот по англиски јазик и се здобија со сертификати за познавање на англиски јазик.

Оваа година и покрај пандемијата од Корона вирусот, образовната стипендиска програма организирана од Солвеј се одржа непрекинато. Организаторите на програмата ја продолжија наставата онлајн и ја прилагодија програмата согласно новонастанатите услови, за да можат да ги исполнат дадените ветувања на учесниците.

Учесниците покажаа изворедна посветеност во процесот на изучување на англискиот јазик, ги почитуваа сите упатства за изборниот процес и доставија прекрасни видео изведби. Присуствуваа редовно на часовите и сите кандидати значително ги подобрија своите јазични вештини.

„Летниот Салцбуршки оперски камп е откажан, но сепак Салцбуршкиот фестивал и Солвеј, ќе им организираат на победниците бесплатно патување во Салцбург. Организаторите на програмата мораа да пронајдат најдобар начин за исполнување на своите ветувања, бидејќи летниот оперскиот камп нема да биде организиран заради ограничувањата со патувањето. Се направи посебна, редизајнирана програма, за стипендистите на Солвеј, која ќе им овозможи на младите љубопитни таленти интеграција во широкиот спектар на професии што ги нудат оперските куќи ширум светот. За време на нивната посета на Салцбург, покрај посетите на пробите и обуките, победниците ќе имаат можност да бидат дел работилници организирани од Салцбуршкиот фестивалот, во кои професионални театарски занаетчии ќе им ја покажат производната страна на оперската магија на младите таленти. Патувањето во моментов е планирано за јануари 2021 година“, рече заменик генералниот директор на рудникот Бучим Николајчо Николов.

Тамара Велкова и Драган Петров од Македонија, заедно со другите победници од Украина и Гватемала, ќе имаат можност за едно незаборавно искуство.

Continue Reading

Избори 2020

Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш, Чаракчиев и Трајанов и денеска со предизборни активности

Виолета | Media Press

Published

on

Кандидатите за пратеници од Радовиш од двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и денеска со предизборни активности. Кандидатот за пратеник од СДСМ и коалицијата Можеме, Коле Чаракчиев го искористи денешниот  пазарен ден во Радовиш и денот го помина во разговор со граѓаните.

Кандидатото за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица, оствари средба со  Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ Радовиш.

Continue Reading
Advertisement