Connect with us

Политика

Политичките партии не се договорија околу датумот за избори, Заев предлага на 21-ви јуни, а опозицијата на крајот на летото

Avatar

Published

на

Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не постигнаа согласнот околу одржувањето на изборите и на втората лидерска среда. Владеачката партија уверува дека Уставот и законите наложуваат избори да има во јуни, најдобро на 21-ви, а опозициската партија тврди дека тоа треба да се случи на крајот од летото.

СДСМ тврди дека јунскиот термин добил поддршка од сите учесници на вчерашната лидерска средба освен од ВМРО ДПМНЕ.

 Во наредните 30-тина дена очекуваат да се олеснат мерките, потсетуваат дека Србија и Хрватска одат на избори за да го избегнат вториот бран што се очекува на есен и конечно: Уставот, Изборниот законик и Владината уредба наложуваат дека изборните дејствија продолжуваат ден по завршувањето на вонредната состојба. Секој што не ги почитува, вклучувајќи ги и членовите на ДИК, ќе сноси одговорност, вели Заев.

 „Ако не успееме да се договориме, не е прашање на тоа што бараат политичките партии, што бара опозицијата, туку тогаш ќе постапиме според уставот и законите. Ние нема да дозволиме да се кршат Уставот и законите… Треба да се договориме, но ако не се договориме, да знаат сите дека на 21-ви јуни ќе има избори со 14 кандидадски листи, ќе се излезе на гласање и верувам дека максимален ќе биде бројот на излезени гласачи“, рече Заев на денешната прес конференција.

Заев рече дека Државната изборна комисија донела одлука да го прифати ажурираниот Избирачки список со кој ќе може да се оди на предвремени парламентарни избори во јуни.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека Заев не ги почитува условите за кредибилни избори, мислењето на ДИК, на ОБСЕ и на здравствените власти – за ова се свесни сите партии освен СДСМ. Според ВМРО ДПМНЕ, уставниот рок ОД 60 ДЕНА за предвремени избори истече на 16-ти април.

„ВМРО-ДПМНЕ има единствен приоритет, а тоа е заштита на здравјето на граѓаните. Избори на крајот на летото ја намалува опасноста по здравјето на граѓаните“, рече лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната прес конференција.

Денот на изборите не може да биде определен со уредба на Владата – тоа може да го стори само Претседателот на Собранието со ново решение, велат од ВМРО -ДПМНЕ.

Македонија

Одржана промотивна, изборна конвенција на кандидатот за претседател Стево Пендаровски

Avatar

Published

на

На изборната конвенција, што се одржа синоќа во Скопје, Пендаровски, кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, рече дека повторно ја бара довербата од граѓаните, затоа што зад неговото име нема ни една афера, ни еден случај на корупција, на провизии или наместени тендери. 

„Ако ја добијам вашата доверба и во следните пет години ќе продолжам да работам за плата, а не за проценти, ќе продолжам да ги третирам сите луѓе на еднаков начин независно на кој народ му припаѓаат или за која партија гласаат, ќе продолжам да соработувам и да ги почитувам младите луѓе чиј професионален успех не се должи на партиски или фамилијарни врски, ќе продолжам да им помагам на понижените да добијат човечки третман и правда во заедницата каде што живеат и ќе продолжам да го критикувам криминалот и високата корупција на кој било во државата, вклучувајќи ги и оние кои ме поддржале и гласале за мене“ – истакна Пендаровски.

„Македонија е можна како демократска и просперитетна држава само ако ги одржува витални двата стратешки континуитети – евроатланските интеграции и меѓуетничките односи. Нашиот политички континуитет во оваа смисла е познат, а нивниот е контиунирано одбивање на компромиси кои неспорно го чуваат нашето национално достоинство – нашиот јазик и нашиот идентитет“, порача вечерва актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, кој влегува во трката за втор претседателски мандат.

Тој додаде дека опозицијата нема донесено ниту една стратешка одлука за државата затоа што, како што посочи, преку носењето на стратешки одлуки се остваруваат националните интереси на долг рок, но на краток рок се губи рејтингот, а со популистички одлуки се чуваат фотелјите и парите, но не и интересите на државата и граѓаните.

На конвенцијата, покрај претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Димитар Ковачевски и сопругата на Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска се обратија и актерката од турскиот театар Несрин Таир, писателот и активист Рамадан Рамадани и музичарот Ристо Вртев, кои дадоа поддршка за кандидатурата на Пендаровски за втор мандат.

Прочитај повеќе

Македонија

Шест од вкупно седум кандидати за претседател на државата го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Avatar

Published

на

Шест од вкупно седум кандидати за претседател на Република Македонија го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори за претстојните претседателски избори, во организација на Државната изборна комисија.

Со потпишување на овој кодекс, кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Сиљановска Давкова, Бујар Османи, Билјана Ванковска Цветковска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски се обврзаа и ветија дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат Кодексот кој што треба да придонесе за фер и демократски избори.

Кандидатот за претседател на државата, Стевчо Јакимовски не го потпиша Кодексот за фер и демократски избори но изјави дека истиот ќе го почитува.

Потписниците се согласија дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација, во други институции или установи финансирани од Буџетот на државата, буџетите на општините и Градот Скопје, како и во трговски друштва и претпријатија со државен капитал.

Со потпишувањето на овој кодекс кој е сет од етички правила за однесување за време на претседателските избори, кандидатите како учесници во изборите се обврзаа дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи кои се релевантни за изборите, како и почитувањето на владеење на правото при организирање и спроведување на Изборите за Претседател 2024 година.

Исто така, сите се согласија и се обврзаа дека нема да користат говор на омраза и нема да вршат никаква дискриминација и омаловажување врз основа на пол преку своето делување и со своите активности ќе учествуваат во зацврстување на фундаменталните вредности на демократијата и придонесуваат за градењето на довербата во изборниот систем.

Чинот на потпишување на Кодексот за фер и демократски избори се одржа во Државната изборна комисија и на истиот присуствуваа претставници на медиумите и дипломатскиот кор во државата.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе