Connect with us

Спорт

ФК „Академија Пандев“ со свои предлози на состанок со ФФМ околу продолжување на натпреварите

Александар | Media Press

Published

on

Фудбалскиот клуб „Академија Пандев“ од Струмица денес одржаа состанок со претставници на Фудбалската Федерација на Македонија околу ситуацијата со вирусот Ковид-19 и излезе со свои предлози како да се продолжи со Шампионатот и Купот. Во нивното соошпштение после состанокот, предложија две решенија за натпреварите.

На состанокот на ФФМ со клубовите, за продолжување на сезоната се изјаснија 50% од клубовите, односно Академија Пандев, Шкендија, Борец, Шкупи и Работнички, како и Вардар да играат доколку мора да се доигра за да се прогласи шампион.

Првиот предлог од ФК „Академија Пандев“ е да се доиграат сите предвидени натпревари во ПМФЛ со почеток од 7 Јуни и да се завршат сите натпревари до 26 Јули. Во натпреварите да бидат дозволени 5 измени.

Вториот предлог е за прекинување на првенствата, да нема испаѓање од ПМФЛ, прогласување на шампион и излез на првите 4 екипи според моменталниот пласман на табелата од ПМФЛ во Евро Куповите.

„ФК Академија Пандев е против било каква одлука за менување на форматот на лигата во оваа натпреварувачка сезона.“ – стои во соопштението од Фудбалскиот Клуб од Струмица

Македонија

Радовишанецот Александар и годинава шампион на Македонија во бодибилдинг

Виолета | Media Press

Published

on

Радовишанецот Aлександар Јерамазов и годинава го потврди минатогодишниот успех и повторно се здоби со златен медал на натпреварот во бодибилгинг “Атлета на Македонија 2020”, во категоријата „Физик Јуниори“ до 23 год.

Дваесет и едно годишниот радовишанец веќе има освоено три златни медали. Еден во 2018та во категоријата Физик јуниори до 23 год., и два златни медали изминатата 2019 год., во категориите “Физик Јуниори” и “Физик Мажи” со висина над 178цм.

“Сакам за сите да бидам пример дека со желба, труд и дисциплина можете да стигнете каде сакате во животот“ – изјави Александар за  Mediapress.mk

„Ова година успеав да го повторам минатогодишниот успех како шампион во “Физик Јуниори” а ме чекаат и нови такмичања во блиска иднина и сум спремен да направам се што треба да бидам најдобрата верзија од себе, од пеколните режими на исхрана до бруталните тренинзи. А за тоа допрва ќе зборувам” – додаде Александар.

Aлександар Јерамазов е радовишанец кој активно се занимава со овој спорт од својата 16-та година. Три години по ред излегува на бина и веќе има освоено четири златни медали. Инаку “Атлета на Македонија 2020” се одржа на на 23ти Август во Градски Парк ( “кај Школка” ).

Continue Reading

Спорт

Плачковица ќе биде домакин на Тиквеш во првото коло од Втората лига – Исток

Александар | Media Press

Published

on

Денеска се одржа ждрепката за расопоредот за сезоната 2020/2021 сезоната во Втората лига – исток.

Во првото коло „Плачковица“ ќе биде домакин на „Тиквеш“, „Росоман“ ќе го угости „Слога Виница“. Дуелот помеѓу „Саса“ и „Брегалница“ ќе се одигра на градскиот стадион во Македонска Каменица. „Кит Го“ ќе им биде гостин на „Победа“ и „Кожув“ ќе игра на свој терен со „Осогово“.

ПлачковицаТиквеш
РосоманСлога Виница
СасаБрегалница
ПобедаКит Го
КожувОсогово

Continue Reading

Спорт

Извлечени групите за Прва Лига – Мажи и редните броеви за Супер Лига – Жени

Александар | Media Press

Published

on

Во просториите на Ракометната Федерација на Македонија се одржа извлекувањето на групите за Прва Лига – Мажи и извлекувањето на редните броеви за одредување на редоследот на натпреварите во Супер Женска Лига за натпреварувачка сезона 2020/2021.

Во оваа сезона на женската ракометна Супер-лига ќе се натпреваруваат 13 тимови.

Стартот на женскиот шампионат е закажан за 19 односно 20 септември каде што во првото коло силите ќе ги одмерат: Стружанка – Вардар, Гевгелија – Деспина, Спартак – Куманово, Пелистер 2012 – Металург, Чаир – Кузман Вардар и Овче Поле – Шампион.

КАЛЕНДАР ЗА ГРУПА А


КАЛЕНДАР ЗА ГРУПА Б

Група Супер Лига – Жени:

Continue Reading