Connect with us

Политика

Политичките партии не се договорија околу датумот за избори, Заев предлага на 21-ви јуни, а опозицијата на крајот на летото

Виолета | Media Press

Published

on

Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не постигнаа согласнот околу одржувањето на изборите и на втората лидерска среда. Владеачката партија уверува дека Уставот и законите наложуваат избори да има во јуни, најдобро на 21-ви, а опозициската партија тврди дека тоа треба да се случи на крајот од летото.

СДСМ тврди дека јунскиот термин добил поддршка од сите учесници на вчерашната лидерска средба освен од ВМРО ДПМНЕ.

 Во наредните 30-тина дена очекуваат да се олеснат мерките, потсетуваат дека Србија и Хрватска одат на избори за да го избегнат вториот бран што се очекува на есен и конечно: Уставот, Изборниот законик и Владината уредба наложуваат дека изборните дејствија продолжуваат ден по завршувањето на вонредната состојба. Секој што не ги почитува, вклучувајќи ги и членовите на ДИК, ќе сноси одговорност, вели Заев.

 „Ако не успееме да се договориме, не е прашање на тоа што бараат политичките партии, што бара опозицијата, туку тогаш ќе постапиме според уставот и законите. Ние нема да дозволиме да се кршат Уставот и законите… Треба да се договориме, но ако не се договориме, да знаат сите дека на 21-ви јуни ќе има избори со 14 кандидадски листи, ќе се излезе на гласање и верувам дека максимален ќе биде бројот на излезени гласачи“, рече Заев на денешната прес конференција.

Заев рече дека Државната изборна комисија донела одлука да го прифати ажурираниот Избирачки список со кој ќе може да се оди на предвремени парламентарни избори во јуни.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека Заев не ги почитува условите за кредибилни избори, мислењето на ДИК, на ОБСЕ и на здравствените власти – за ова се свесни сите партии освен СДСМ. Според ВМРО ДПМНЕ, уставниот рок ОД 60 ДЕНА за предвремени избори истече на 16-ти април.

„ВМРО-ДПМНЕ има единствен приоритет, а тоа е заштита на здравјето на граѓаните. Избори на крајот на летото ја намалува опасноста по здравјето на граѓаните“, рече лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната прес конференција.

Денот на изборите не може да биде определен со уредба на Владата – тоа може да го стори само Претседателот на Собранието со ново решение, велат од ВМРО -ДПМНЕ.

Политика

ДИК: Да се обезбеди максимална здравствена заштита на сите учесници во изборниот процес

Александар | Media Press

Published

on

Приговорите за предвремено започната изборна кампања од Коалицијата „Можеме“ и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, на 72-та седница на Државната изборна комисија беа разгледани поднесените и истите беа едногласно отфрлени, поради тоа што не ги исполнуваат законските услови од член 69а од Изборниот законик.

„Поради важноста да се обезбеди максимална здравствена заштита на сите учесници во изборниот процес, а поврзано со Здравствениот протокол за спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Репубика Северна Македонија, 15 јули 2020 година од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од аспект на  надлежностите на Државната изборна комисија, на седницата беа донесени Задолжителните препораки за здравствена заштита во текот на изборниот процес, во кои се опфатени хронолошки сите изборни дејствија, односно предавањето на изборниот материјал од Државната изборна комисија на општинските изборни комисии, а потоа од општинските изборни комисии до избирачките одбори и обратно, процесот на гласање на лицата кои се заразени со КОВИД -19 или лицата кои се наоѓаат во домашна изолација, гласањето на болните и изнемоштени лица и хронично болните, како и денот на гласање, со што темелно се опфатени сите аспекти за заштита и спречување на ширење на Коронавирусот.“ – Стои во Соопштението од Државна Изборна Комисија

Исто така, Државната изборна комисија ги донесе Одлуката за дополнување на Одлуката бр.05-546/1 од 20 јуни 2020 година, за утврдување на потреба од формирање на помошни тела на Државната изборна комисија за спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и Одлуката за изменување на Ревидираниот роковник, бр.10-467/2 од 16 јуни 2020 година, за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година.

На затворена седница Државната изборна комисија го утврди гиош елементот за позадината на гласачкото ливче за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година.

Continue Reading

Македонија

Објавена алатка за пријавување на притисок на работно место во изборен контекст

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на прес-конференција ја презентираше алатката за пријавување на притисок објавена на веб страната на Министерството. 


„И за време на оваа кампања, исто како и претходните кампањи во изминатите 3 години, вработените во јавниот сектор ја имаат моќта на лесен и едноставен начин да пријават доколку некој им врши притисок во контекст на изборниот процес. 


МИОА се обврзува сите пристигнати пријави да ги проследи до надлежните органи, за понатамошно постапување. За ова организиравме и координативни состаноци со ДКСК, Народниот правобранител, Агенцијата за администрација, Државниот трудов инспекторат, Агенцијата за вработување, како и други надлежни институции. Целта е да се обезбедат и гарантираат сите предуслови за фер и демократски избори.


Пријавувањето е анонимно, но доколку лицето кое пријавува сака да ги сподели личните податоци, тие ќе бидат заштитени согласно Законот за заштита на личните податоци. За ова веќе се преземени соодветни технички и организациски мерки.
Ова е само еден од механизмите кои МИОА ги презема во изминатиот период за целосна професионализација на јавниот сектор. Како што знаете Законот за ВРС е готов и единствено не е во сила само поради нефункционалното Собрание. Законот предвидува транспарентен и професионален избор, високи стандарди и критериуми за раководните позиции и претставува голем исчекор кон деполитизација на јавниот сектор“.

Continue Reading

Македонија

Одржана работна средба помеѓу Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР и Државната изборна комисија

Виолета | Media Press

Published

on

Претставници на Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР, на чело со Шефот на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР, Лаима Андрикине, денес, 22 јуни 2020 година, беа на работен состанок со членовите на Државната изборна комисија, во седиштето на Комисијата.

„Поради фактот дека Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година, се одржуваат во специфични околности кои ги предизвика новонастанатата состојба со Коронавирусот, целта на овој состанок беше да се разгледаат сите активности кои ќе бидат преземени од страна на Државната изборна комисија за да се овозможи фер и демократски процес, како и изборен процес кој ќе ги заштити сите учесници.

Имајќи го предвид тоа, Државната изборна комисија истакна дека доследно ќе работи согласно законската рамка, со сите донесени акти од страна на Комисијата, кои ги опфаќаат сите изменувања и дополнувања на Изборниот законик, како и согласно мерките и препораките донесени од Владата на Република Северна Македонија и протоколите донесени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, ги информираше Претставниците на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, дека е донесен Ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори, како и дека се продолжени активностите за ажурирање на Избирачкиот список. По однос на спроведување на гласањето за овие избори информираше дека истото ќе трае три дена, односно започнува на 13 јули 2020 година, каде ќе гласаат лицата кои се наоѓаат во домашен карантин поради позитивен тест на  COVID  – 19 и лицата кои со решение издадено од Државниот здравствен и санитарен инспекторат се наоѓаат во домашна самоизолација. За спроведување на гласањето на 13 јули 2020 година, Државната изборна комисија ќе формира посебни избирачки одбори составени од здравствени работници предложени од Министерството за здравство и лица предложени од политичките партии. На 14 јули 2020 година ќе гласаат болни и немоќни лица, како и хронично болните лица. На 15 јули 2020 година ќе се спроведе гласањето кое ќе трае до 21:00 часот. Лицата кои после 8 јули 2020 година се тестирани и позитивни на COVID -19 нема да можат да го остварат правото на глас. За оваа цел Државната изборна комисија врши проверка на избирачките места, како би се обезбедиле поголеми простории за денот на гласањето, онаму каде што постои можност, а таму каде што не постои таа можност да се обезбедат услови согласно мерките, препораките и протоколите, за заштита од Коронавирусот.

Истовремено, Оливер Деркоски, претседател на Државната изборна комисија, информираше дека се продолжува со задолжителна обука на изборната администрација и повторно ги истакна резултатите кои овие обуки ги имаа на претходните избори.

Меѓу другите теми се разговараше и за прашањето за начинот на распределба и користење на финансиските средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија, за радиодифузерите, печатените медиуми и електронските поратли (Интернет порталите) кои ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната капмања.

Претставниците на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, укажаа дека нивната задача е набљудување на изборите и на овие избори ќе работат согласно мерките и препораките за заштита од Коронавирусот. Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе биде присутна до 27 јули 2020 година кога ќе дадат извештај и следни препораки за понатамошните избори“ стои во известувањето од ДИК.

Continue Reading